Македонија

Села против „Сејф сити“

Противуставноста на Законот според Села е бидејќи пораките кои граѓаните ќе ги добиваат за направените прекршоци не се двојазични, дека казните се испраќаат преку пораки, но и поради селективната примена на Законот само во три града.

Лидерот на едно од „крилата“ на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села го оспори Законот за прекршоци пред Уставниот суд и пред воопшто да почне да функционира системот „Безбеден град“.

„Поднесовме иницијатива до Уставниот суд во врска со уставноста на Законот за прекршоци кој се донесе со цел имплемемтирање на таканаречениот проект „Безбеден град“, вели Села според кој законот кој се однесува на целото население во Македонија никако не било дозволено да помине по скратена постапка.

Спореед Села, законот има многу прашања кои задираат врз рамноправноста на граѓаните – премиерот, претседателот и функционерите треба да ги почитуваат законите. Почнувајќи од премиерот сите треба да го почитуваат Законот за јазиците без оглед кој е нивниот политички став.

„Во Законот треба да пишува дека пораките треба да бидат двојазични. Несериозно е за една држава казна да се испраќа преку порака. Со закон не сме обврзани да носиме телефон да имаме имејл адреса, а законска должност ми е да имам адреса на место на живењење. Во спротивно ако го сменам телефонскиот број или имејл адресата ќе треба тоа да го пријавам во полиција“, вели Села.

Тој додаде дека граѓаните треба да бидат еднакви пред Уставот и дека не може проектот да се имплементира само во три града.

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top