Македонија

Шамбевски: Целосно отворање на документацијата на СЈО за јавноста, да се види кој и како ја злоупотребувал правдата

По сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е инсајдерско сведоштво од човек кој бил дел од системот, а потоа избркан затоа што „не била тимски играч“, порачува Оливер Шамбевски.

Крајно незгодни директни сведоштва за однесувањето на неколку обвинители од екс СЈО

-Во нејзиното ексклузивно интервју кај Богдан Илиевски, Кадриу директно зборува за: политички притисоци врз обвинители, селективно гонење на политички противници, манипулации со предмети, незаконско примопредавање на документи без записници, па дури и случаи каде обвинителите се однесувале како „штаб на СДСМ, а не како Специјално јавно обвинителство“. Овие тврдења не се нови сомнежи (секако сите насетувавме дека ова се случува, а тие што беа гонети и лично почувствуваа) ама сега тие сомнежи се потврдени од внатрешен извор кој одбил да учествува во такви практики. Одамна беше јасно дека СЈО не дејствуваше како независен орган, туку како политичка алатка, истакнува тој.

Шамбевски посочува дека денес, со сè повеќе факти и сведоштва како ова на Кадриу, станува очигледно колку длабока и системска била таа злоупотреба.

Кадриу: Јанкуловска и другите осудени за „мерцедесот“ беа „земени на врат“

-Многу луѓе беа вознемирувани, некои тврдат дека околу 5000 е бројката на луѓе што биле повикувани застрашувани, уценувани, а стотици други беа цел на селективен прогон, не заради правда, туку заради политичка пресметка. Е ова мора до крај да се расчисти! И не, ова не е повик на реваншизам туку повик за залекување на раните. Ова е барање за правда и за целосно заздравување на општеството. Ако сакаме да се зацелат раните, да се врати довербата во правосудниот систем и да се спречи повторување на вакви практики, мораме до крај, транспарентно и без калкулации да се расчисти што навистина се случувало во СЈО, истакнува Шамбевски.

Тој порачува дека корупцијата и злоупотребите мора да добијат име и презиме – преку независна истрага, а не преку партиски пресметки.

-Можеби не е лошо и целосно отворање на документацијата на СЈО за јавноста, под надзор на независна комисија, за конечно да се види што се случувало зад затворените врати, кој, како и со каква цел ја злоупотребувал правдата. И за Епстејн изгледаше невозможно, па сепак се случи, истакнува Шамбевски.

Најнови вести од: Македонија

Глигоров одбил 100 милиони долари мито од Грција за да го смени името

Декласифицирани документи на ЦИА покажуваат како првиот претседател на независна Македонија успеа да маневрира меѓу силните притисоци од Грција, ризикот од Белград и внатрешните етнички тензии со Албанците

Бугаринот Виктор Стојанов поттикнувал скопјанец да шири омраза кон Македонија

Pретседателot на бугарската фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, дело казниво по член 394-г став 1 од Кривичниот законик

To top