Македонија

Шампионот Дарјан се враќа со златна бронза од Романија (ВИДЕО)

Олимпискиот сон на Дарјан стана стварност!

Сојузот на математичари на Македонија објавува за голем успех на националниот тим на Јуниорската балканска математичка олимпијада – ЈБМО 2026.

Сакаме да ве информираме за одличниот успех на Македонија на ЈБМО 2026. Освоени се 3 бронзени медали и 2 пофалници.

· MKД 1 ДАМЈАН ЧАМУШЕВ 16 поени (бронзен медал) 🥉

· MKД 2 ЗОРАН ИЛИЈОСКИ 16 поени (бронзен медал) 🥉

· МКД 3 КАЛИНА ТОРТЕВСКА 12 поени (пофалница) ✨️

· МКД 4 ДАРЈАН МИРЧЕВСКИ 20 поени (бронзен медал) 🥉

· МКД 5 МАРТИН СТОЈАНОВ 11 поени (пофалница) ✨️

· МКД 6 АНДРЕА ЈОВАНОВСКА 4 поени

Водач на тимот беше Петар Филиповски, а заменик водач, Никола Цветаноски.

Сојузот е посебно радосен на фактот, што сите ученици ги посетувале тримесечните онлајн подготовки реализирани од страна на СММ.

Подготовките ги реализирале, м-р Илија Јовчески, Петар Филиповски, Никола Цветаноски и Христина Митреска.

Како дел од македонската репрезентација, Дарјан Мирчевски освои бронзен медал на Јуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО 2026), која деновиве се одржa во Романија!

Зад овој успех стојат безброј непроспиени ноќи, илјадници решени задачи, огромни одрекувања и една силна, непоколеблива волја.

Конкуренција од светски рамки

Ова натпреварување одамна ги надмина балканските граници. Годинава, покрај официјалните балкански земји, во конкуренција на 22 држави, Дарјан ги одмери силите и со врвни математички нации како Франција, Ирска, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Малезија и многу други. Во ваква силна конкуренција, овој медал тежи како злато!

,,Горди сме на резултатот, но уште погордe сме на човекот во кој Дарјан расте — скромен, упорен и бескрајно посветен. Ова е само почеток на една долга низа големи успеси!

Браво Дарјан! Македонија денес има огромна причина за славење и гордост”, велат неговите блиски.

Тие упатуваат неизмерна благодарност до неговите ментори и поранешни македонски олимпијци од Збир-едукативен центар – Стефан, Филип и Лука, кои се поставија кон него пред се како постари браќа и несебично го споделуваа со него сето нивно знаење и искуство.

Благодарност е упатена и до СММ и водачите на екипата на Македонија на ЈБМО 2026 Петар и Никола како и до управата на ОУ Вера Цириви Трена и сите наставници кои несебично го поддржаа и му овозможија добро да се подготви за олимпијадата.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

To top