Македонија

Шеф на македонска институција вечерва уапсен за корупција

Бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра

Актуелен директор на државна институција вечерва е лишен од слобода под сомнение за примање мито, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, дознава експрес.мк од извори во истрагата.

Според неофицијални информации, станува збор за директор во Државниот инспекторат за земјоделие, В. А., кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра.

Во моментов нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на приведениот, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.

Од извори вклучени во акцијата, неофицијално се брифира дека станува збор за дел од засилените активности за сузбивање на корупцијата, кои акции, ќе продолжат и идниот период.

Се очекуваат официјални информации од МВР и Обвинителството во текот на ноќта или утрешниот ден.

Најнови вести од: Македонија

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

To top