Македонија

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

Напоредно, засилено се работи на завршување на автопатот Кичево – Охрид, како и на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола, кои се дел од проектот што го реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“. Овие проекти се дел од најавениот инвестициски циклус од 10 милијарди евра за капитални инфраструктурни проекти во следната деценија. За автопатот Кичево – Охрид, долг 57 километри, од кои досега се пуштени во употреба 34 километри, се очекува делницата Извор – Врбјани да биде ставена во функција најдоцна до септември или октомври годинава. Владата се надева дека, според оптимистичките сценарија, овој дел ќе биде отворен уште до 8 Септември – Денот на независноста.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека целосното пуштање во употреба на автопатот Кичево – Охрид се очекува во првиот квартал од 2027 година. За преостанатите делови веќе се обезбедени финансиски средства, завршени се тендерските постапки и избрани се изведувачи, а се чека конечна согласност од заемодавачите. По раскинувањето на договорот со кинеската Ексим банка, државата обезбеди 175 милиони евра преку домашните банки за конечно завршување на проектот. Со тие средства ќе се финализираат сите преостанати работи, вклучувајќи ги споредните патишта, сигнализацијата, заштитните огради и безбедносната опрема во тунелите.

Во меѓувреме, се очекува во септември, или октомври да почне и изградбата на делницата Букојчани – Кичево, долга 11,5 километри. Проектот ќе се финансира со заем од Европската банка за обнова и развој во вредност од речиси 220 милиони евра. Напредок се очекува и на автопатот Скопје – Блаце. За втората делница, долга 10,5 километри, избран е изведувач, а по завршувањето на жалбените постапки градежните работи би можеле да стартуваат уште овој или следниот месец. Вкупната инвестиција изнесува 215 милиони евра и е обезбедена преку ЕБРД.

Од проектот со „Бехтел и Енка“, првите 11,5 километри од делницата Прилеп – Битола се очекува да бидат пуштени во употреба до септември 2027 година. Владата информира дека финансиската конструкција за проектот е затворена до крајот на годинава, а во периодот од 2027 до 2029 година се планира реализација на околу 250 милиони евра годишно. Според проценките, најголемиот дел од активностите треба да бидат завршени до крајот на 2029 година, а можните преостанати работи во текот на 2030 година.

За делницата Требениште – Ќафасан, која засега е единствената од пакетот на „Бехтел и Енка“ што не е започната, повеќе информации се очекуваат кон крајот на месецот, по посетата на претставници на УНЕСКО.

Најнови вести од: Македонија

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Ќе се градат автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани, а Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување

Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола од проектот со „Бехтел и Енка“.

Ексградоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски оди една година во затвор, поради кривичното дело „бесправна градба“

Предметот е кај судија за извршување казни, откако Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Второстепениот суд, постапувајќи по жалбите на обвинетите и на Јавното обвинителство, донел пресуда со која ја потврдува казната за делото „Бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од 19 март до 15 август 2019 година.

Експотпретседателот на СДСМ и ексдиректор на Царината Стефан Богоев, фатен со мито за за местење тендер, излегува од притвор! – Судот прифати гаранција од 55 илјади евра!

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот Стефан Богоев и ја прифати понудената гаранција, со што се укинува мерката притвор што претходно му беше определена во траење од 30 дена. Претгодно, во текот на истиов ден, на 9 јуни, ВМРО ДПМНЕ соопшти: „Поранешниот потпретседател на СДС и дете на Заев Стефан Богоев е фатен со мито за местење тендер“. „Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра. Од свиркачи ВМРО ДПМНЕ дознава дека дека Богац ќе добиел 10% од тендерот кој самиот го наместил. Тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10%, тоа значи дека тој ќе инкасирал 1,8 милиони денари. Според ова, се разоткрива уште една тендерска шема на СДС, а ВМРО ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да истражи дали ова е единствениот тендер кој Стефан Богоев-Богац го наместил за време на мандатот на директор.“ – имаше нагласено ВМРО ДПМНЕ. Но, наспроти сите овие сериозни индикации, се соопштува денес дека судот донел одлука за  пуштање на Богоев од притвор, која била донесена по жалба изјавена против решението на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, на Богоев му беше определен притвор.

ВМРО ДПМНЕ: Кога СДС говори за корупција нека си го исчисти прво дворот, полн со криминалци! – Македонија предводи со реформите во регионот!

Од Планот за раст за спроведени реформи 65,7 милиони евра се за Македонија и нејзината Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Мицкоски: Добри односи со сите соседи по принципот „двонасочна улица“, но прво заштита на интересот на државата и на идентитетот!

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги инаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија на чие остварување работат без да ветуваат чуда, туку да ги постават работите на здрава основа.

Најнови вести

To top