Македонија

Шест нови операциони сали пуштени во употреба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

На Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје денеска беа пуштени во употреба шест нови, целосно реконструирани операциони сали.

На Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје денеска беа пуштени во употреба шест нови, целосно реконструирани операциони сали. Ова е дел од поголем проект за реконструкција на вкупно десет операциони сали, вреден 282 милиони денари.

Реконструираните сали се на Одделот за трауматологија при Клиниката за ТОАРИЛУЦ, две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија.

Директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, истакна дека со оваа реконструкција се создава оперативен блок според современи светски стандарди.

„Ќе добиеме оперативен блок со светски стандарди, така што нашите млади доктори специјализанти кои ги праќаме на обука во странство ќе можат да работат во исти услови во кои работат светските доктори. Тоа значи дека се качуваме со новите методи, апаратури и оперативни сали на ниво на светската мапа на здравствениот систем“, рече Мерџановски.

Тој посочи дека реконструкцијата се реализира во две фази, со цел да не се прекине пружањето на терцијарна здравствена заштита и да не се создаде дополнителен притисок врз листите за чекање.

На настанот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за здравство Азир Алиу. Тие најавија дека во наредните месеци ќе бидат пуштени во употреба и преостанатите четири операциони сали.

„За неколку месеци отсега треба да бидат пуштени уште четири сали, така што го закружуваме процесот од 10 современи модерни операциони сали. Од почетокот на летото се надевам дека ќе бидеме во можност да видиме уште еден завршен проект во болницата „8 Септември“, каде исто така ќе имаме модерни сали и со тоа ќе бидеме практично држава број еден во регионот кога станува збор за ваков тип на операциони сали“, рече премиерот Мицкоски.

Тој додаде дека во здравството има многу работи што треба да се направат, но дека се потребни и фундаментални промени – и во менталитетот на политичарите и во менталитетот на вработените.

„Здравството е еден од врвните приоритети на Владата“, заклучи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

To top