Македонија

Шилегов одби да збори за СДСМ на денот на трагедијата, најави скандалозни информации

Најава за скандалозни откритија во СДСМ

Шилегов има што да каже по одлуката на СДСМ да го исклучи од партијата но не сака да коментира на денот на Кочанската трагедија.

Тој мисли дека сега не е моментот за политички коментари но има што да каже за употреба на дрога и пари што некои луѓе лесно ги имале заработено во изминатиот период.

Денеска не е ден за политика, рече вечерва поранешниот скопски градоначалник и пратеник Петре Шилегов, кој во емисија во живо слушна дека Извршниот одбор на СДСМ донел одлука да го исклучи од партијата.

Шилегов оваа вест ја дочека додека гостуваше на „4ТВ“, каде зборуваше во својство на бранител на еден од обвинетите во судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на денешен ден минатата година.

Прашан за коментар, Шилегов рече дека со почит на денешниот ден и трагедијата во Кочани вечерва нема да дава политички изјави.

,,Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период”, рече Шилегов.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top