Македонија

Штекли имал епилептичен напад и паднал во судница, одбил да прими терапија – судењето одложено

На денешното рочиште

Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, се одложува за 9 октомври, на барање на адвокатот на првообвинетиот Раде Трајковски Штекли.

Штекли пред почетокот на денешното рочиште имал некој вид на епилептичен напад и паднал во судница. По укажана помош од лекари од брза помош, Штекли одбил да прими терапија, а Судот донесе одлука рочиштето да продолжи да го следи од друга просторија во Судот.

„Го прегледавме. Самиот беше контактибилен, самиот кажа дека не знае каде се наоѓа. Не сака да прими терапија, бидејќи пиел друга терапија во затвор. Не сакаше да потпише изјава дека одбил терапија, рече лекарката.

Адвокатот на Штекли, Сашко Дуковски пред Судот реагираше дека епилептичен напад на лице со констатирана епилепсија никако не може да биде нарушување на редот во судницата.

„Од почнувањето на оваа расправа до сега Раде Трајковски ниту го навреди, ниту наруши редот во оваа судница. Непосредно пред почетокот на главната расправа добил епилептичен напад. Обвинетиот вчера бил прегледан и дадена му е терапија од психијатар, со оглед на суицидални идеи. Мора да приметам дека лекарот од општа пракса од Брза помош немаше доблест да каже дали денес примил терапија, зошто ако не примил еден од можните исходи е ова, изјави Дуковски.

Дуковски, нагласи дека посебено сака да се забележи дека на одбраната во ниту еден момент не и е во корист да се одолговлекува судењето.

„Не може да биде нарушување на ред, одбивање на дијазепам од десет милиграми што треба да го направи тука растение и да следи рочиште. Јас не можам по ова денеска да вршам испрашување и вкрстени прашања. Затоа се обраќам до Судот да се даде датум да се изврши ова сослушување, а затворскиот лекар да види дали Штекли има примено или не денеска терапија, изјави Дуковски.

Судијата Илија Трпков, нагласи дека целта на Судот е судењето да биде економично и ефикасно и да се испочитуваат сите права на обвинетите и секако да се грижи за здравствената состојба на обвинетите.

„Во овој предмет не е само Раде. Тука се и други обвинети. Но, со оглед дека имате 20-тина прашања, а сега е веќе 14 часот и да бидеме практични, главната расправа се одложува за 9 октомври. Но, ве уверувам дека сите обиди за одолговлекување ќе бидат санкционирани, изјави судијата Трпков.

Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години. Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков, исто така, поднесоа предлог за признавање вина, по што Судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

Според Обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Речиси целосно пробиена трасата на булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево

По долгогодишно чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение, со што се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје.

„Комунална хигиена“ со 12 милиони евра долгови и 60% од возилата расипани

Државната ревизија ја прочешла документацијата за 2024 година на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Според наодите на ревизорите компанијата има проблем со наплататата на нивната услуга, потоа забележано е нерационално управување со залихите, но констатирана е и намалена ликвидност.

Презирот на македонските херои кон смртта во битката на Ножот на 14.7.1907, една од највеличествените страници на македонската историја по Илинденското востание

„Никој не смее да ги допре и да ги нагрди хероите! Гледате ли како комитите ја презираат смртта? Се борат и умираат како херои!“ – со овие зборови мајорот Енвер-беј, кој командувал со многубројната турска војска во легендарната битка со македонските комити на 14 јули 1907 година на планинскиот врв Ножот кај прилепското село Ракле, им оддал почит на саможртвениците за слободата на Македонија и македонскиот народ. Тој трагичен јулски ден во 1907 година штамата завладеја на Ножот, откако последните преживеани македонски комити се самоубија со последните куршуми и со активираните бомби, кои им преостанаа, за да не паднат во рацете на турскиот аскер. Претходно прилепскиот градски окружен комитет и војводите им издале наредба да се повлечат од врвот. ,,Опфатени сме од оган, гориме и сме дошле да изгориме. Сакаме да умреме со достоинство. Нашето решение е неповратно.” – порачале 54-те македонски херои, одбивајќи да се повлечат, за да можат сите останати да заминат безбедно. Битката на Ножот е од најнерамноправните и најкрвавите битки во историјата на Македонија по Илинденското востание, но е и една од многуте во македонската национална историја на непокорот, буните и востанијата против поробителите.

To top