Македонија

Што знае Боки 13 за Русковска и уапсениот државен правобранител Стафа?

Според снимката од инцидентот, кој се случил на 18 декември 2025 година, Јовановски ја повикал Русковска во живо пренос со над 2.000 гледачи, но разговорот брзо ескалирал во навреди и закани.

Во најновиот скандал кој ја тресе јавноста, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, ја контактирал поранешната обвинителка Вилма Русковска преку телефонски повици, наводно за да ја праша за нејзината врска со Фехми Стафа – поранешен државен правобранител кој пред неколку дена (на 13 декември 2025 година) беше уапсен под сомнение за примање поткуп од 50.000 евра.

Според снимката од инцидентот, кој се случил на 18 декември 2025 година, Јовановски ја повикал Русковска во живо на пренос со над 2.000 гледачи, но разговорот брзо ескалирал во навреди и закани.

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека работи на случајот. „На 18.12.2025 година во 22:30 часот во СВР Скопје, В.Р. пријавила дека била телефонски вознемирена од страна на Б.Ј.“, изјавија од МВР.

Овој инцидент покренува сериозни прашања за мотивите зад повиците на Јовановски, особено во контекст на неодамнешното апсење на Фехми Стафа. Во каква врска е Вилма Русковска со Фехми Стафа?

Дали се работи за професионална соработка, лични врски или нешто повеќе што јавноста треба да го знае?

И што точно знае Боки 13 за оваа „близина“ што не сака јавно да го каже, а сепак ја користи како основа за вакво вознемирување?

Јавноста бара одговори. Дали институциите ќе истражат подлабоко или ова ќе остане само уште еден скандал во низата скандали во правосудството?

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

Повторно блокиран граничниот премини „Евзони“, македонските транспортни компании трпат загуби

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите за следните денови, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

To top