Македонија

Штокер: Гентерм инвестира во погонот во Прилеп над 30 милиони евра зашто веруваме во Владата

Томас Штокер, потпретседател и генерален менаџер за Европа, Африка и средна Азија на Гентерм, денеска, најавувајќи ја инвестицијата од над 30 милиони евра на оваа компанија, истакна дека за нив ова е значајна инвестиција и оти тоа го прават, затоа што веруваат во луѓето и во поддршката на Владата. Ова го објави информативната агенција „Нетпрес“. […]

Томас Штокер, потпретседател и генерален менаџер за Европа, Африка и средна Азија на Гентерм, денеска, најавувајќи ја инвестицијата од над 30 милиони евра на оваа компанија, истакна дека за нив ова е значајна инвестиција и оти тоа го прават, затоа што веруваат во луѓето и во поддршката на Владата. Ова го објави информативната агенција „Нетпрес“.

Натаму агенцијата пишува: „Се работи за значајна одлука за нас како компанија, но, исто така верувам дека е значајна и за земјата. Имаме погон во Прилеп, меѓутоа како компанија одлучивме да префрлиме значителна технологија, еден од најсложените проекти, од други погони од Европа, во погонот овде во Прилеп. Зошто го правиме тоа: Веруваме во луѓето, во поддршката на Владата. Имавме значителна поддршка во минатото и ова го очекуваме и во иднина.“ – вели Штокер.

Тој потсети дека во првата инвестиција во земјава најавиле околу 12 милиони евра, а таа потоа се проширила на речиси 70 милиони евра. „Значи, првиот пакет што го направивме пред десетина години, рековме ќе инвестираме 20 милиони евра, а на крајот завршивме со речиси 70 милиони. Сега велиме ќе инвестираме повеќе од 30, но ќе видиме каде ќе завршиме. Секогаш има можности.“ – посочува Штокер.

Тој појасни дека ќе исталираат високо автоматизирани линии, а тие, како што нагласи, налагаат висококвалификувани лица. „Знаењата на нашите вработени дефинитивно ќе се зголемат и тоа ќе биде најзначаен план за нас овде во Европа.“ – укажа Штокер, потпретседателот и генерален менаџер за Европа, Африка и средна Азија на Гентерм.

Новата инвестиција вредна повеќе од 30 милиони евра на глобалниот лидер во автомобилската индустрија Гентерм, која ќе овозможи нови до 300 вработувања, ја најави денеска и македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Мицкоски нагласува дека ова е уште еден показател оти земјава станува сигурна дестинација за долгорочни стратегиски технолошки напредни инвестиции. „Со вакви проекти, нагласи, расте индустриското производство, се отвораат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, расте вредноста на македонското знаење умеење и труд. Денеска испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Ја објавувам новата инвестиција на Гентерм – глобален лидер во автомобилската индустрија кој покрај веќе постоечката инвестиција во Прилеп, почнува со план за процес на проширување на производството токму овде. Со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочно стратешки технолошки напредни инвестиции.“ – рече Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата, како што појасни, ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра, со нови до 300 вработувања. Според премиерот, станува збор за високоинтегрирани системи во автомобилската индустрија, со нова технолошка опрема автоматизирани линии и современо производство. Ова, смета тој, значително ќе го зголеми извозот, а тоа што станува збор за високо технолошко производство покажува дека сме конкурентни и на тој пазар.


Најнови вести од: Македонија

Во Кина пробиена планина долга 22 километри и се изгради најдолгиот автопатски тунел!

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во Азија, долг 22,13 километри, кој минува низ планините во покраината Гуиџоу. Тунелот „Тјаншан Шенгли“, со модерно осветлување и бетонска конструкција, веќе се смета за едно од најзначајните инженерски остварувања во регионот.

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Најнови вести

To top