Македонија

„Шуплевски – ехо низ времето“ приказ на документарен филм за едно од најпознатите македонски музички семејстви

Фестивал „Скопско лето – 2026“
сабота, 04 јули 2026
Музеј на град Скопје
20:30 часот

Во сабота, во Музејот на град Скопје, ќе се одржи вечер посветена на познатото музичко семејство Шуплевски, со приказ на документарен филм со наслов „Шуплевски – ехо низ времето“.

Автор на филмот е Викица Костоска Пенева – музиколог и професор по пијано, а настанот е дел од програмата на фестивалот „Скопско лето“.

Шуплевски е стара скопска фамилија што потекнува од едно од најстарите скопски маала од левата страна на Вардар – Чаир. Музичката уметност обединува четири генерации од ова познато градско семејство, чие делување е од исклучително значење во историјата на современата македонска музика во 20-тиот и 21-виот век.

Членовите на семејството Шуплевски низ многу форми на уметничка дејност го обележуваат преминот од македонското традиционално фолклорно наследство кон прифаќањето на западно-европските естетски принципи во музиката во нашата средина.

Четири генерации музичари оставаат силен белег пред сé во музичкиот живот на Скопје и оттука успешно ја шират својата уметност низ целиот свет.

Приказната на „Шуплевци“ ја започнува Трајко Шуплев уште во 20тите години на минатиот век, кога својот талент за музика го преточува во животна определба како хорски и оркестарски диригент и музички педагог.

Својата желба, но и вроден дар го пренесува на неговите три деца: Драган – еден од најистакнатите хорски диригенти и основоположник на школата за хорско диригирање, Гане – извонреден виолинист, долгогодишен член на најважните оркестри кај нас – Македонската Филхармонија, Македонската опера и балет, Оркестарот на Македонската радио и телевизија и Богданка – професорка по пијано, една од основоположниците на современата македонска школа за пијано во музичките училишта во Скопје.

Овие уметници, доајени во современата македонска музика низ синергијата на силни семејни релации исполнети со заедничко музицирање и поддршка во взаемниот уметнички напредок ги наследува третата и четвртата генерација музичари од семејството Шуплевски: Сања и Весна – виолинистки со завидна интернационална кариера како солистки, камерни и оркестарски уметници, Ирена – професор по пијано и хористка во хорот на Македонската радио и телевизија и хорот „Мирче Ацев“, Јана – виолончелистка и најмладиот наследник на семејната традиција Илија Јовчев – виолинист.

Секоја генерација од семејството Шуплевски дава своја уметничка автентичност кон која низ годините публиката природно гравитира, влијае врз уметничкиот вкус и ја обликува нашата културната историја.

Наследството на Шуплевски е живо сведоштво за тоа како едно семејство може да стане симбол на истрајност во уметноста и инспирација за новите генерации, вели авторката на филмот Викица Костоска Пенева која е музиколог и професор по пијано.

Најнови вести од: Македонија

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

Клековски: Во Гостивар забележани 109 нови случаи поврзани со епидемијата

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека во Гостивар се регистрирани 109 нови случаи поврзани со епидемијата, а по смирувањето на акутната фаза е воведен засилен надзор за следење на можни заразни заболувања.

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но ставот на бугарската страна е поинаков, поради егзибициите на претходната влада на СДСМ-ДУИ

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

Водата за пиење во Крушево е исправна и безбедна за употреба – отстранет е дефектот во хлорирањето

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно со резултатите од трите последователни лабораториски испитувања, извршени од страна на Центарот за јавно здравје-Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

To top