Македонија

Сиљановска-Давкова ја враќа Народната канцеларија

Обновувањето на практиката на отворени канцеларии на претседателот е во согласност со определбите и ветувањата содржани во програмата на претседателката

Во центарот на Скопје денес напладне повторно ќе биде отворена народната канцеларија на претседателот.

Од Кабинетот на претседателката информираат дека обновувањето на практиката на отворени канцеларии на претседателот е во согласност со определбите и ветувањата содржани во програмата на претседателката Сиљановска-Давкова, со цел директен контакт со граѓаните, како и поднесување на претставки, граѓански иницијативи, петиции и предлози од нивна страна.

На денешното свечено отворање е најавено присуство на претставници од невладиниот сектор, а во рамки на настанот претседателката ќе ја искористи приликата и да оствари прва директна средба со граѓаните во новите простории.

Народната канцеларија на претседателот на улицата „Димитрије Чуповски“ во центарот на Скопје беше отворена за првпат во април 2010 година од страна на тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Најнови вести од: Македонија

Народeн правобранител: Судовите водат во повреда на правата на граѓаните

Најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, за што и во изминатите години и во 2025 година има констатирано дека судските постапки траат предолго и не се води сметка за ефикасноста на постапките

To top