Македонија

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста – објави претседателката.

Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската Унија,  20 години да нè држат во лавиринтот. Време е тоа да се надмине – порача денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на Самитот на НАТО што се одржа во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.

Сиљановска Давкова изјави дека при учеството на приемот кај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имала кратка средба со премиерот на Бугарија Румен Радев, кој и рекол дека не сме само соседи, туку дека му е пријателка, што, рече, е инспиративно и охрабрувачко. Имала подолг разговор со унгарскиот премиер Петер Маѓар кој кажал дека уште позасилено ќе застане зад Западен Балкан, дека целосно нè поддржува и  оти неминовно е, за да има стабилност и мир на Балканот, земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија.

Според претседателката Сиљановска Давкова, нема подобро решение за силна Европа и силно НАТО од состојба на мир, бидејќи силата на Европа е во способноста со мирни средства да посегне по реформи или да промовира демократија заснована на основните принципи и вредности.

На самитот на НАТО, рече претседателката, беше порачано дека ние сме докажан, кредибилен партнер на НАТО, дека се однесуваме одговорно и во поглед на средствата и во поглед на однесувањето, како и дека може да сметаат на нас. Втората порака од Самитот, дополни таа, се однесува на НАТО.

  • Навистина требаше да се потенцира дека господинот Трамп на некој начин, откако на НАТО му стави до знаење дека одбраната заради која е создаден не се однесува само на Соединетите Американски Држави, туку и на земјите од Европа, и дека треба да си го земат својот товар од одбраната. Денеска се покажа дека навистина речиси сите држави, ако не и сите држави, веќе тргнале на таа патека во, се разбира, себегарантирањето, односно во гарантирањето способност да ја организираат сопствената одбрана. Тоа е исто, според мене, многу важно – рече Сиљановска Давкова.

На овој самит, потенцира претседателката, се чувствуваше единство. Од господинот Трамп, па до сите останати, манифестираа решеност, спремност, навистина, заедно да ги остварат задачите што ги поставивме уште во Хаг.

  • Ја цитираше мислата од Кемал Ататурк – „Ако има дома мир, ќе има и надвор мир“ и порача дека нема подобро решение за силна Европа и силно НАТО од состојба на мир бидејќи, нагласи, силата на Европа е во способноста со мирни средства да посегне по реформи или да промовира демократија заснована на основните принципи и вредности.
  • Тоа ја прави посебна, се разбира, ако истите членки седат  таму и таму, или во најголем дел, тогаш логично е дека не треба да се откажеме од мирот. Тука е посебната вредност на господинот Трамп, бидејќи тој, покрај издвојувањето на средства, постојано вели дека треба да се најде мирна солуција за сите проблеми – рече Сиљановска Давкова.

На новинарско прашање за поддршката и однесувањето на лидерите во рамки на НАТО и во однос на евроинтеграциите на државава Сиљановска Давкова посочи  на средбите со Радев и со Маѓар, истакнувајќи ја поддршката од него.

  • Со господинот Радев имав куса средба синоќа, се разбира, во присуство на господинот Кошта. Тој рече дека не сме само соседи, туку дека сум му јас пријателка, се разбира дека тоа е инспиративно и охрабрувачко. Но, немав овојпат некој подолг разговор, но со господинот Маџар имав. Ме интересираше како гледа тој на политиката под негова палка, дали ќе посегне по промени. Ова што го изјави е дека уште позасилено ќе застане зад Западниот Балкан, дека целосно нè поддржува и дека неминовно е, за да има стабилност и мир на Балканот, земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија, дури рече дека има намера да тргне во турнеја по земјите од Западен Балкан, што е навистина одговорно и посветено – изјави Сиљановска Давкова, која на Самитот ја предводеше македонската делегација во чиј состав се министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Во пресрет на состанокот  Сиљановска Давкова повика на „повеќе кантијанизам од макијевализам.  – Денеска би дакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака, изјаво претседателката Сиљановска Давкова.

По присуството на синоќешниот прием организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган македонската претседателка сподели дека во духот на сојузништвото и меѓусебната почит со шефовите на држави и влади разменивле мислења за натамошното обликување на евро-атлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.

  • Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста – објави претседателката на „Фејсбук“. 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

To top