Македонија

Сиљановска-Давкова на Мировен форум во Париз

Претседателката ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.

Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.

Претседателката ќе присуствува и на свечена вечера организирана во чест на шефовите на држави и влади кои учествуваат на форумот, чиј домаќин ќе биде францускиот претседател Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум е основан во 2018 година и претставува меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

 

Најнови вести од: Македонија

To top