Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со УНЕСКО за заштита на Охридското културно наследство

Претседателката бара поголем ангажман на експертската заедница, и соработка со Албанија

Денеска ги примив постојаните делегати-амбасадори и претставници на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, предводени од претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Кондер М. Тала од Бангладеш, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Предмет на разговорот на кој биле присутни и министерот за култура Зоран Љутков и македонскиот амбасадор во Франција и УНЕСКО Игор Николов бил заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридскиот Регион, низ призма на препораките на Комитетот.

Претседателот и соговорниците ја информирале Сиљановска-Давкова за јасно изразената политичка подготвеност и решеност за правни и институционални чекори, проследени со конкретни мерки.

,,Укажав на потребата од поголем ангажман на експертската заедница, како и интензивирање на соработката со Република Албанија во надминувањето на заедничките проблеми.

Заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници и упатува на меѓународно разбирање и солидарност”, порачува претседателката по средбата во Охрид.

Вести од регионот

Прва членка на ЕУ и НАТО која што драматично ја менува политиката кон Израел

Словенија под Јанша со радикален пресврт за Палестина

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top