Македонија

Сиљановска-Давкова со честитка за новата колешка во соседството

Македонската претседателка доби колешка по два основи, претседателка и професорка

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска упати искрени честитки до проф. д-р Јустина Широка-Пула по повод нејзиниот избор за претседател на Република Косово.

Во пораката, Сиљановска-Давкова ја истакнува заедничката академска позадина и изразува подготвеност за блиска соработка:

„🇲🇰 🇽🇰 Искрени честитки до проф. д-р Јустина Широка-Пула за нејзиниот избор за претседател на Република Косово.

Како колега професор, со нетрпение очекувам да соработувам тесно со неа за дополнително зајакнување на нашите билатерални односи, промовирање на регионалната стабилност и унапредување на нашата заедничка европска иднина.

И посакувам успех во нејзиниот мандат!“

Честитката доаѓа непосредно по изборот на Широка-Пула во Собранието на Косово, со што таа станува нова претседателка на соседнта земја. Сиљановска-Давкова, која и самата е универзитетски професор, ги нагласува заедничките цели во насока на подобрување на односите меѓу двете земји, регионална стабилност и европската перспектива.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top