Македонија

Сиљановска-Давкова со децата со Даунов синдром: Да овозможиме развој на животните вештини и активно учество во општествените текови

Нема полековита доза среќа од разбирањето, прифаќањето и љубовта кон овие лица

Во пресрет на 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова примила претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје.

,,Денеска примив претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје.

Во поддршката на родителите и згрижувачките семејства, за мене е важно да им овозможиме на лицата со Даунов синдром, адекватено развивање на животните вештини и способности и активно учество во сите сегменти на општествениот живот, како рамноправни граѓани”, објави претседателкатаГорданаСиљановска-Давкова.

Сиљановска-Давкова порачува по средбата дека нема полековита доза среќа од разбирањето, прифаќањето и љубовта кон овие лица.

Дека талентот не познава бариери, стана јасно по музичката точка на хармоника, изведена од Денис Димитров, во придружба на младите гости од Дневниот центар, смета претседателката.

Најнови вести од: Македонија

Се унапредуваат условите во ПС Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар

Соработка меѓу Пустец и Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија” во интерес на македонската заедница

Како прв конкретен чекор од оваа соработка, Здружението започна со директна финансиска поддршка за ангажирање на едно лице, кое хонорарно ќе работи во музејот на познатиот писател Стерјо Спасе во село Глобочани

To top