Македонија

Сиљановска-Давкова во Софија: Кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина

Сиљановска-Давкова од Процесот на соработка во Југоисточна Европа во Софија порача дека мора да се оживее духот на регионалната соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес.

 

Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оценува дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското заостанување и влошените геополитички околности бараат храбро и одговорно лидерство, водено од заедничките интереси и солидарноста, а не само од парцијалните.

Според неа, процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес.

Повикувајќи се на зборовите на бугарскиот автор Георги Господинов дека „кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“, таа предупреди на потребата од дебалканизација преку европеизација.

За неа, европската интеграција е природна, како и геополитичка и безбедносна неопходност, а стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес на сите држави во регионот, но и на Европа.

Сиљановска-Давкова повика на регионална одговорност, како гарант за чекорење кон предвидлива и сигурна заедничка иднина, истакнувајќи дека успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион, а натпреварот да се води во знаење, иновации, култура и економски развој, наместо во блокади и поделби.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот Мицкоски на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Првиот академски ќас ќе се одри и на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола,  Државниот универзитет во Тетово и „Мајка Тереза“ во Скопје, на „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Героски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

Шамбевски: Бугарија чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

To top