Македонија

Сиљановска-Давкова им подари галичка пафта на годинашните младенци на Галичката свадба

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба”, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет.

Среќен заеднички живот, полн со љубов, разбирање и деца им посака претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на годинашните младенци на Галичката свадба, Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Претседателката на нововенчаниот пар му подари галичка пафта со мотив од мијачка носија, карактеристична за селото Галичник.

Проследувајќи ги свадбарските обичаи на Галичката свадба, Сиљановска-Давкова порача дека преку неа не само што се негуваат македонските обичаи, туку и се промовираат пред светот.

– „Нешто што е дел од нашиот идентитет, нешто што е единствено, нешто што никаде го нема, нешто што нѐ прави посебни треба да се негува. Радосна сум што мнозина млади го прифаќаат и ја продолжуваат оваа традиција“, порача шефицата на државата.
Претседателката додаде дека во Галичник мора да се вложува повеќе, за селото да биде живо во текот на целата година, а не само во деновите околу Галичката свадба.
– „Вгнезден во исклучителна природна убавина, со уникатна архитектура и древна историја, Галичник може да биде вистински магнет за сите кои сакаат на момент да избегаат од урбаниот хаос, во потрага по магијата на мирот, спокојот и неповторливата убавина на минатото“, додаде таа.
Галичката свадба децении наназад се одржува под покровителство на претседателот на државата.

Вчерашното поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање” пушка од куќата на зетот и годинава го означија почетокот на свадбата. По венчавањето на младенците во храмот „Св. апостоли Петар и Павле”, продолжи одржувањето на свадбените обичаи.

Вгнезден во исклучителна природна убавина, со уникатна архитектура и древна историја, Галичник може да биде вистински магнет за сите кои сакаат на момент да избегаат од урбаниот хаос, во потрага по магијата на мирот, спокојот и неповторливата убавина на минатото. Претседателката истакна дека мора да вложиме повеќе, да направиме нешта што нема да се сведат само на доаѓање кога се склучува бракот, туку нешто што ќе го направи Галичник живо во текот на целата година.

Оваа уникатна културна манифестација со децении се одржува под покровителство на претседателот на државата.

Најнови вести од: Македонија

Над 1400 прекршоци во сообраќајот за два дена

Во текот на изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 20 возачи возеле под дејство на алкохол […]

Донација од САД за Македонската Армија: Мицкоски вели дека ова е придонес за безбедноста на државата

Нови 29 лесни оклопни возила JLTV за македонската Армија денеска беа презентирани во штипската касарна „Јане Сандански“. Испораката на возила е според договорот за соработка со САД

Од денес поевтин школски прибор

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. -Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница […]

To top