Македонија

Сиљановска-Давкова: Исклучително е важно институциите да ги поддржат македонските и странските поети, кои творат на македонски јазик

Средба на шефицата на македонската држава со вршителот на должноста директор на Струшките вечери на поезијата Никола Кукунеш и добитниците на највисоките награди за 2025 година – Иван Штрпка од Словачка, носител на „Златниот венец“, Матеуш Шимчик од Полска, добитник на наградата „Мостови на Струга“, и Јулијана Величковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“.

„Денес во Струга и насекаде околу нас зборот нè зближува, ни дава сила да славиме, да тагуваме, да комуницираме и да се разбираме. Затоа е од исклучителна важност зборот на нашите поети и на странските поети, кои творат на македонски јазик, да биде слушнат, да биде поддржан и да биде претставен од институциите. Со тоа ќе се засили поддршката за македонската поезија и ќе се збогати една од главните вредности на човечката цивилизација.“ – нагласува претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во својата објава на фејсбук по вчерашната средба со делегацијата на раководството на Струшките вечери на поезијата во резиденцијата во Охрид.

Како што истакна Сиљановска-Давкова, дружењето со господарите на зборот – поетите покрај брегот на Охридското Езеро е посебно естетско и духовно доживување. „Бев почестена да примам делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата, предводена од вршителот на должноста директор Никола Кукунеш, заедно со добитниците на највисоките награди – Иван Штрпка од Словачка, носител на ‘Златниот венец’, Матеуш Шимчик од Полска, добитник на наградата ‘Мостови на Струга’ и Јулијана Величковска, добитничка на наградата ‘Браќа Миладиновци’.“ – посочи шефицата на македонската држава Сиљановска-Давкова на општествената мрежа.

Според неа, опишувајќи го светот од свој агол, поетите нудат почовечна реалност. „Несомнено, Струшките вечери на поезијата ја збогатуваат светската книжевна ризница со сѐ посилно темпо. Поетите со својата моќ го опишуваат светот од сопствен агол и нудат  поубава, почовечна и побогата реалност.“ – додаде македонската претседателка Сиљановска-Давкова по вчерашната средба со делегацијата на раководството на Струшките вечери на поезијата.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top