Македонија

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември”

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“:

Како што соопштуваат од Кабинетот на Сиљановска, орденот на Кедев ќе му биде доделен за храбриот придонес во конституирањето на самостојна и независна Република Македонија и за активното учество во развојот на македонската демократија, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, крунисани со членство во престижни научни меѓународни асоцијации.

Натаму, додаваат оттаму, за уживањето посебен углед како врвен интервентен кардиолог којшто вовел иновативни техники и методи, извршил неколку илјади коронарни интервенции и над 1 600 транс-радијални каротидни стентирања, за исклучителните образовни и научни успеси, потврдени со 230 публикации со импакт-фактор на платформата „Wеb of Science“, H-индекс 36 и 13 650 цитати, за продлабочувањето на меѓународната соработка како почесен конзул на Индонезија.

Орденот на Кедев исто така ќе му биде доделен и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина, наведуваат од Кабинетот на претседателката.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски ќе учествува на четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски денеска ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи на 23-24 ноември 2025 година во Стокхолм, Кралство Шведска.

Нема да дозволиме да се повтори Кочани: Митко Јанчев објаснува зошто Лукас заврши во полиција

Настапот на популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас во кавадаречки локал синоќа драматично заврши со полициска интервенција: пејачот беше приведен поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и пречекорување на капацитетот на објектот, потврдија Министерството за внатрешни работи и градоначалникот Митко Јанчев.

Курти во Македонија по повод Денот на албанската азбука: средби со претседателот на Собранието Гаши и лидерите на Вреди

„На покана на Владата денеска во Македонија престојуваше косовскиот премиер Албин Курти. Тој се сретна во Скопје со претседателот на Собранието Африм Гаши и лидерите на коалицијата Вреди на овој ден со посебна симболика за Албанците – на Денот на азбуката.“ – објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик, пренесувајќи го и соопштението на коалицијата Вреди.

To top