Македонија

Македонија да нема дополнителни услови за ЕУ, средба Сиљановска Давкова со Петер Пелегрини

Претседателите укажуваат на потребата од поголема доверба, солидарност и заедништво на државите и нациите во рамките на ЕУ, НАТО и Обединетите нации

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава.

По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација.

Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен процес и превземање итни чекори за подобрување на европската и глобалната безбедност, стои во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

На средбата двајцата претседатели ја потврдиле одличната соработка, втемелена во заедничкото духовно наследство, културната блискост и искреното пријателство.

Претседателката му се заблагодарила на словачкиот претседател за континуираната поддршка на македонското членство во Европската Унија, повторувајќи дека процесот на проширување мора да се темели на Копенхагенските критериуми, без дополнителни билатерални условувања.

Со оглед на бројните глобални предизвици, претседателите укажуваат на потребата од поголема доверба, солидарност и заедништво на државите и нациите во рамките на ЕУ, НАТО и Обединетите нации.

На средбата со претседателот Пелегрини, Сиљановска-Давкова изразила жалење за вчерашната железничка несреќа во Словачка, во којашто се повредени околу 100 лица и посака нивно побрзо закрепнување.

За време на посетата на претседателот Пелегрини, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и државниот секретар во словачкото Министерство за економија, Владимир Шимоњак, потпишаа Меморандум за соработка во областа на економијата.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top