Свет

Словенците на референдум за „потпомогнато самоубиство“

Со предложениот Закон се планира да им даде право на терминално болни пациенти чие страдање или здравствена состојба е неподнослива,  да го завршат својот живот, со исклучок на случаи на ментални болести

Граѓаните на Словенија денес гласаат на референдум за тоа дали да го спроведат или суспендираат законот за легализирање на потпомогнато самоубиство, на референдум свикан од група граѓани.

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Швајцарија и Австрија, веќе им дозволуваат на терминално болните лица да добијат медицинска помош за да го завршат својот живот.

Се очекуваше Словенија да им се придружи оваа есен.

Но, група граѓани поддржана од Католичката црква и конзервативната опозиција успеа да собере 40.000 потписи потребни за блокирање на законот, за кој велат дека дозволува „труење на болни и стари лица“, и за распишување нов референдум.

Словенечкиот парламент го усвои законот во јули оваа година со 50 гласа „за“ и 34 „против“, а тројца пратеници беа воздржани.

Во 2024 година, 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на потпомогнато самоубиство на советодавен референдум.

На гласачите ќе им биде поставено прашање:  „Дали сте за воведување на законот за потпомогнато умирање, кој Народното собрание го усвои на својата седница на 24 јули 2025 година?“

Со предложениот Закон се планира да им даде право на терминално болни пациенти чие страдање или здравствена состојба е неподнослива,  да го завршат својот живот, со исклучок на случаи на ментални болести.

Сепак, текстот не ја одобрува еутаназијата, односно смртта предизвикана од здравствен работник по барање на пациентот.

Либералниот премиер Роберт Голоб ги охрабри Словенците да го поддржат законот.

„Секој од нас мора да може сам да одлучи како и со какво достоинство ќе го заврши својот живот“, рече тој во среда додека гласаше предвреме во Љубљана.

Католичката црква го критикуваше законодавството „кое е спротивно на Евангелието, природниот закон и човечкото достоинство“.

Првите делумни резултати се очекуваат по затворањето на гласачките места, а официјалниот резултат ќе биде потврден дури по 4 декември, кога ќе биде потврден конечниот број на гласачи и дали е постигнат кворумот за отфрлање на законот.

Според анкетата објавена оваа недела од дневниот весник „Дневник“ меѓу 700 граѓани, 54,3 проценти од гласачите сè уште ја поддржуваат легализацијата на медицинската помош при умирање, 30,6 проценти се противат на тоа, а 15 проценти се неодлучни.

Меѓу европските земји, покрај Швајцарија и Австрија, кои дозволуваат асистирано самоубиство, Холандија, Белгија и Луксембург дозволуваат еутаназија, додека француските пратеници ја одобрија можноста за право на асистирано умирање на првото читање кон крајот на мај.

Претседателот Емануел Макрон ја спомена можноста за референдум доколку парламентарниот процес застане.

Најнови вести од: Свет

Индиецот го ископал од гробот и го донел скелетот на починатата сестра во банката, за да може да ја подигне нејзината заштеда! (Видео)

Маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе скелетот на неговата сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт откако не успеал да ги повлече нејзините заштеди. Видео од државата Одиша, на кое 52-годишниот Џиту Мунданоси носи скелет во банка, стана вирално и предизвика јавен бес. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите, бидејќи немал официјален доказ за смрт.

Белата куќа ќе избегне да бара одобрение од Конгресот за нови напади врз Иран

Претходно „Тајм“ објави дека демократите би можеле да го тужат американскиот претседател Доналд Трамп ако тој продолжи со воената акција против Иран по 1 мај без да добие одобрение од Конгресот

Хамнеи воинствено кон Трамп: Единственото место за Американците е на дното на Персискиот Залив!

Врховниот лидер на Иран Мочтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.

Најнови вести

To top