Македонија

Сиљановска-Давкова на конференцијата за жените во Њујорк: Време е да го довериме кормилото на ОН на жена

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, обраќајќи се на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жени, што се одржува денес во Њујорк во рамките на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените. Сиљановска-Давкова рече дека жените во светот, заедно со децата, се првите и најголемите жртви на војните, но исто така и носители на исцелување, сочувство и надеж.

Според неа, во исто време, институцијата создадена за заштита на мирот – Обединетите нации, се соочува со длабока криза.

  • „Замислена како најголем мировен проект на човештвото, таа сега гордо стои пред војните што избувнуваат низ континентите“, рече претседателката, додавајќи дека 80 години по нејзиното основање, мирот што е причина за постоењето на ОН останува недостижен.

Претседателката рече дека ако сме сериозни во врска со мирот, тогаш е време да го довериме водството на Обединетите нации на жена.

Учесниците во своите излагања се фокусираа на потребата од посветеност, обезбедување на соодветни ресурси и забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција.

За таа цел, тие ја истакнаа важноста од конкретни и одржливи политики за постигнување на родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојчиња, како клучен предуслов за праведни и просперитетни општества.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top