Македонија

Сиљановска Давкова се поклони на гробот на првиот македонски претседател

На денот на смртта на претседателот Киро Глигоров

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

 

Според веб сајтот на претседателката Сиљановска-Давкова таа се поклони и положи цвеќе на гробот на Глигоров, по повод 14-годишнината од неговата смрт.

Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Република Македонија.

Роден е во 1917 година а почина на 1 Јануари 2012 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top