Македонија

Силниот ветер во Скопје пренасочил авион кон Приштина

Летот на „Визер“ од Базел до главниот град на Македонија завршил со безбедно слетување на аеродромот во Косово

Силниот ветер, заедно со интензивните врнежи од дожд и грмежите, кои попладнево го погодија Скопје принудиле авион на „Визер“, кој летал од швајцарскиот град Базел кон главниот град на Македонија, да биде пренасочен кон Приштина.

Според податоците од платформите за следење летови, авионот извесно време кружел над Скопје во очекување на подобри временски услови и дозвола за слетување, но по неколку обиди екипажот решил да го упати леталото кон аеродромот во Приштина, кадешто безбедно слетало.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top