Македонија

Симболот на неправдата нанесена од Заев и СДСМ кон стотици Македонци, тргна во второ одделение

Петар е само едно од децата кои што привремено останаа без мајка или татко затоа што владата на Заев со страховладеење и монтирани судски процеси подготвуваше терен за промена на името и потпишување на договорот со Бугарија

Прв ден – второ одделение!

На сите ученици нека им е среќна и успешна учебната година!

Ова е пораката која што на сите македонски ученици по повод почетокот на учебната година им ја упати екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска означувајќи го почетокот на учебната година за нејзиниот син.

А второодделенецот Петар кој беше роден во текот на најголемите нечовештини на еден од симболите на неправдата и политичкиот реваншизам што владата на СДСМ на чело со Заев го правеше на функционери, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

Петар е само едно од децата кои што привремено останаа без мајка или татко затоа што владата на Заев со страховладеење и монтирани судски процеси подготвуваше терен за промена на името и потпишување на договорот со Бугарија.

Петар беше роден во моменти кога неговата мајка Гордана Јанкулоска беше судена за набавка на мерцедесот набавен за потребите на тогашниот премиер Никола Груевски.

Никола Груевски во сомнителни околности избега од Македонија, мерцедесот се уште се користи за високи гости од странство а Гордана Јанкулоска почитувајќи го системот на правната држава која во нејзиниот случај беше  базиран на конструкции, храбро без жалење замина на одлежување на затворска казна.

Јанкуловска беше министер за внатрешни работи цела деценија а за неа никогаш немаше никаква корупциска или друга афера.

Приказната за Петар кој е роден во невозможни услови е доказ за силата на неговата мајка да се соочи достоинствено со неправдата но и порака за сите идни властодршци дека со сила не можат да владеат.

Засега никој не одговара за неправдите кои беа нанесени кон Јанкуловска и стотици други Македонци прогонувани затоа што однапред се спротивставија на погубните политики на Зоран Заев и неговиот близок другар Венко Филипче кој сега го води СДСМ.

Јанкуловска од страна на сегашната Уставна судијка Добрила Кацарска беше осудена на 6 години затвор по што Апелација ја намали казната на 4 години.

Во затвор влезе во септември 2020 година кога Петар немал ни две години.

Фото: Принт скрин Фејсбук профил на Гордана Јанкулоска

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top