Македонија

Ташев од БАН со тешки навреди за македонската претседателка Силјановска

Пишувајќи за депортацијата на македонските Евреи, „експертот“ со недолични изрази за претседателката на Македонија

Спас Ташев од Институтот за истражување на популацијата и човештвото при Бугарската академија на науките во својот најнов напад врз Македонија истури тешки навреди за македонската претседателка Гордана Силјановска.

Користејќи недолични изрази од типот „бугаромразачка“, „баба Горда/на“ и „комунистичка пачавра“ (?!), Ташев се осврнува на годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорите на смртта, во која зборува за спасување на Евреите од Бугарија, а за елиминацијата на тие од Македонија ги обвинува Германците.

„Последиците од оваа крајно глупава и антидржавна политика не чекаат долго. Најнов пример е однесувањето на бугаромразачката Гордана Силјановска-Давкова, претседателка на Северна Македонија. Кога некои од нашите некомпетентни политичари ја клеветеа Бугарија по прашањето за судбината на Евреите во годините на Втората светска војна и предизвикуваа киселини од негативниот впечаток, баба Горда/на рече: ‘Бугарија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи во концентрациониот логор Треблинка’. Скопските медиуми објавија дека ова го ‘побарала претседателката Гордана Силјановска-Давкова од Полска’. Сега сфаќате дека по вакви ‘барања’, синхронизирани со нашите внатрешни предавници, никој нема да ни даде признание за спасувањето на бугарските Евреи!“, пишува Ташев.

„Експертот“ од БАН што направи кариера на антимакедонска основа во 20 точки се обидува да ја величи бугарската улога, (ин)директно осврнувајќи се на Македонија во неколку точки.

Оправдувајќи ја Бугарија што „навистина таа самата го усвои антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, но мотивот на царот Борис беше ‘подобро е ние да го изработиме отколку Германците да ни го наметнат’. Овие дејствија немаат алтернатива“, Ташев вели:

„14. Какво и да било незадоволство во Бугарија во врска со депортацијата планирана од КЕВ, таа не можеше да ја откаже, исто како што депортациите не беа откажани никаде во Европа. Цар Борис дознал за германскиот план испратен до КЕВ и наредбата издадена од Белев и ја откажал вечерта на 9 март 1943 година. Притворените бугарски Евреи биле ослободени на 10 март 1943 година. Го почитувам Димитар Пешев, но неговиот потпис бил многу подоцна од тој датум.

15. Евреите земени од ‘новите земји’ биле предадени на Германците во Скопје и Лом. Таму германските власти официјално ги презеле и, со организиран германски транспорт, ја извршиле депортацијата во Треблинка.

16. Евреите депортирани во Треблинка биле убиени од германски службеници.

17. Бугарската администрација во новите земји, претставена од секретарот на скопската општина, Жељазков, ја информира локалната еврејска заедница за претстојното притворање на Евреите. Околу 10% од локалните Евреи бегаат во Тетово и на тој начин се спасени.

18. Бугарските власти официјално побарале од Германците да дозволат некои Евреи со високо образование да не бидат депортирани. Така, над 200 луѓе биле ослободени.

19. Иван Михајлов од Загреб испратил кодирано писмо до Владо Куртев, барајќи од дејците на ВМРО да дејствуваат за спасување на бугарските Евреи. Така, Владо Куртев бил меѓу иницијаторите на Ќустендилската делегација што заминала за Софија на 8 март 1943 година. Функционерите на ВМРО им поделиле бугарски пасоши на многу македонски Евреи и ги префрлиле од Охрид во Албанија.

20. Истата ‘одвратна’ и ‘фашистичка’ бугарска влада, со потписот на Богдан Филов, против волјата на нацистичка Германија, издала 15.000 бугарски транзитни визи на европските Евреи и така тие биле спасени!“.

И тука Ташев не се воздржува за уште еднаш да ѝ се нафрли на Силјановска:

„Ете овие факти не ги кажуваат комунистички пачаври како Силјановска-Давкова, кои во своето бугаромразие се склони да ја ослободат Германија од вина, само за да ја обвинат Бугарија, која ја мразат! Прашањето е колку долго ќе дозволуваме ова да се случува! Време е Бугарија да се разбуди и да почне да работи во свој интерес!“.

„Одозгора на тога“, што би рекол експремиерот Зоран Заев, во написот целосно спротивен на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан од несудениот муртински нобеловец „стручњаков“ од БАН јавно му се заблагодари на бугарскиот весник „Труд“ за печатењето на овој материјал, насловен „Бугарската некадарност и предавство ги отвораат вратите на непријателите на Бугарија“, илустриран со – претседателката на Македонија…

 

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Најнови вести

To top