Македонија

Сипаниците кај овците – сериозна закана за сточарството

Поради заразната болест над 100 сточари во источниот дел од земјата ги изгубиле своите стада

Здружението на сточари алармира дека болеста на сипаници кај овците предизвикува големи материјални штети и ја загрозува егзистенцијата на десетици сточари во земјава, бидејќи состојбата на терен е критична, е доцни реакцијата на надлежните институции засега е задоцнета.

Според претседателот на Здружението на сточари, Насер Џемаили, штетите веќе го зафатиле источниот дел од земјата, каде што над 100 сточари ги изгубиле своите стада.

Од друга страна, заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа вели дека бројот на активни жаришта е намален од 30 на 11. Тој вели дека од Турција се побарани 500 илјади дози вакцини, но процесот на вакцинација останува во мирување поради координацијата со Европската Унија и ризикот од блокирање на извозот на месо.

Проблемот не е само во Македонија. И соседна Грција се соочува со една од најголемите сточарски кризи која  до уништување на повеќе од 400 илјади грла добиток.

За да се спречи ширењето на болеста во целиот блок, Европската комисија воведе строги рестриктивни зони во Грција, затворање на кланиците и забрана за движење на месо и млеко.

Оваа состојба служи како предупредување за соседните земји доследно да ги применуваат мерките за карантин и гранична контрола.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top