Македонија

Системот „Безбеден град“ ќе ги казнува и странските возачи, кои ќе направат прекршок, минувајќи низ Македонија

Возачите кои транзитираат низ Македонија ќе бидат опфатени во системот „Безбеден град“, казни ќе има и за странските државјани, целта е да се почитуваат сообраќајните правила и да се спасат човечки живот, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој заедно со неговиот српски колега Ивица Дачиќ ја промовираа кампањата „Вози одморен“ на Граничниот премин Табановце.

Министерот Тошковски апелираше до сите што транзитираат низ коридорите 8 и 10 во Македонија, дека камерите на „Безбеден град“ функционираат, работат и евидентираат сообраќајни прекршоци. Тошковски рече дека покрај македонските граѓани, наскоро и граѓаните кои транзитираат во земјава ќе добиваат казни за сторени сообраќајни прекршоци, затоа повика граѓаните кои патуваат да ги почитуваат правилата, укажувајќи дека секој спасен живот е огромен гест. Министерот апелираше до сите кои транзитираат низ коридорите 8 и 10 да бидат одговорни, бидејќи функционира системот „безбеден град“ и ќе се однесува за сите, без разлика дали е со македонски или со странски регистарски таблици.

– Брзо, ќе бидете сведоци на целосна, комплетна имплементација на вториот чекор кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски регистарски возила, ќе биде токму тука на овој граничен премин, така што апелирам до граѓаните кои управуваат возила со странски регистарски таблички да ги известат дека прекршоците се констатираат и ќе бидат за брзо време доставени до оние кои не ги почитуваат правилата-рече Тошковски.

Во рамки на изјавата Дачиќ кажа дека оние кои транзитираат треба да бидат дел од системот, за што е потребно и европска регулатива. Тошковски потенцираше дека во 21 век, благодарение на технологијата и вештачката интелигенција ќе се најде решение, бидејќи целта е сите да ги почитуваат правилата и да спасат човечки животи, укажувајќи дека казните ќе бидат доставени до македонски, српски државјани или државјани на ЕУ.

– Ако во ова време не најдеме начин како да ги доставиме мислам дека имаме проблем самите со себе. Ќе треба време, процесот не е едноставен за спроведување, но ќе го спроведеме и како што е имплементиран за македонските граѓани, така ќе важи и за останатите кои транзитираат и ги прекршуваат правилата, го загрозуваат својот и животот на останатите учесници во сообраќајот. Имаме замислено решение и за брзо ќе ве увериме дека функционира-кажа Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

Најнови вести

To top