Македонија

Скандал: Мехмети ги повикува Албанците да не учат и да не зборуваат македонски, оти само тој „јазик“ ќе го разберат Македонците, кои не ја сакаат албаноговорна Македонија!

Писателот и публицист Ким Мехмети од Скопје се огласи преку медиумите со свој повик до Албанците од Македонија да не го учат и да не го зборуваат македонскиот јазик, бидејќи, како што нагласува, „само тоа е ‘јазикот’ кој ќе го разберат сограѓаните Македонци, кои го сакаат само мртвиот Албанец и што не ја сакаат Македонија, која би зборувала и на албански“! Мехмети во оваа скандалозно писание изнесува и јавен предлог, или и повик, да се одело и „дури и чекор понатаму“, за создавање некакви паралелни албански институции, како што пишува, „каде што тие ќе доаѓаат со преведувачи на нивниот јазик, додека ние им ќе доаѓаме со преведувачи на нашиот јазик“!

Информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА објави дека „писателот и публицист Ким Мехмети, преку објава на општествените мрежи реагираше на институционалното отфрлање на албанскиот јазик од страна на македонската јавност“ и потоа под наслов „ Да не го учиме и да не го зборуваме македонскиот јазик!?“ го пренесува писанието на Мехмети преку општествените мрежи:

„Дали постои многу „практичен“ начин да се изедначи албанскиот јазик со македонскиот јазик: да се однесуваме исто како и нашите македонски сограѓани , кои не учат и не зборуваат албански јазик? Да одиме дури и уште еден чекор понатаму: да имаме наши институции, каде што тие ќе доаѓаат со преведувачи на нивниот јазик, додека ние им ќе доаѓаме со преведувачи на нашиот јазик.“

„Можеби само овој ‘јазик’ ќе го разберат оние, кои го сакаат само мртвиот Албанец и кои не ја сакаат Македонија која би зборувала и на албански! И можеби само на овој начин македонските противалбански кругови ќе разберат дека нашата добрина да им ги признаеме сите нивни етнички и јазични карактеристики не е слабост, ниту наша покорност пред македонската сила.“

„Во меѓувреме мора да се признае дека македонските владетели се однесуваат со презир кон овдешните Албанци, затоа што вазалите од Вреди водат политика со спуштени панталони!“ – наведе Ким Мехмети во објавата преку општествените мрежи, цитиран од ИНА.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top