Македонија

Скандалозен противмакедонски шовинизам на АА: Им пречи кампањата „Македонско најдобро – бараат да се нарекуваат „албански“ производите на земјоделците-Албанци, а не „македонски производи“!

„Новата кампања на Министерството за земјоделство со слоганот ‘Македонскo најдобро: нашата традиција, нашата гордост’ претставува отворена навреда за албанските граѓани и сите немакедонски заедници во С.Македонија. Намерната и постојана употреба на терминот ‘Македонско’ во кампања, финансирана од државата не е случајност – тоа е исклучувачка политика. Ова е обид да се претвори државата во сопственост […]

Новата кампања на Министерството за земјоделство со слоганот Македонскo најдобро: нашата традиција, нашата гордост претставува отворена навреда за албанските граѓани и сите немакедонски заедници во С.Македонија. Намерната и постојана употреба на терминот Македонско во кампања, финансирана од државата не е случајност – тоа е исклучувачка политика. Ова е обид да се претвори државата во сопственост на еден етникум и да се негира мултиетничката реалност на нашето општество. – наведува Алијансата за Албанците од „Европскиот фронт“ на ДУИ и Али Ахмети во своето соопштение, кое блика со жесток и скандалозен противмакедонски шовинизам и отворена нетрпеливост кон идентификациската ознака „македонски“ на македонскиот народ. АА јасно го искажува отфрлањето на идентификациската ознака „македонски“ на народот и државата Македонија, во која опстојува и дејствува таа како партија на Албанците. Нејзиното соопштение го пренесе информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

Алијансата за Албанците во своето соопштение натаму изнесува невидени бесмислици со интонација и на етнички навреди, барајќи земјоделските производи, кои ги произведуваат земјоделците-Албанци во Македонија, да не се нарекуваат како „македонски производи“, туку како „албански домати“, „албанско сирење“, „албанска зелка“, „албанско грозје“ и „албанска пченица“! Во овој контекст Алијансата за Албанците од „Европскиот фронт“ на ДУИ во своето соопштение „навредено прашува“: „Како може доматите од Дебар, сирењето од Шара, зелката од Боговиње, кромидот од Гостивар, зеленчукот од Липково, грозјето од Врапчиште, или пченицата од Карадак да се нарекуваат ‘Македонски производи’, без да не се споменат никогаш Албанците, кои работат и ги произведуваат? Ова е институционален национализам, спакуван во амбалажа како економска промоција.“

АА од „Европскиот фронт исто така изнесува: „Каде е заменик-министерот Албанец? Албрим Хоџа, заменик-министер за земјоделство од ‘Спие’-Вреди, не само што е дел од оваа кампања, туку молчи пред ова брутално исклучување на заедницата, што треба да ја претставува. Ова молчење не е ниту пасивност ниту неутралност – тоа е активно соучество во исклучувањето на Албанците. Каде е ‘Спие-Вреди?  Албанската коалиција во владата, која ветуваше еднаквост и достоинство, исчезна од секоја јавна реакција. Кога Албанците се исклучени од концептот на продуктивен идентитет и од државните симболи, ‘Спие’-Вреди не кажува ништо. Кога државата се користи за промовирање само на еден етникум, ‘Спие’-Вреди молчи повторно.“ 

„Каква е вредноста на власта кога немате ни најмала храброст да го кренете гласот против една од најтешките форми на симболичното исклучување? Алијансата за Албанците ги повикува сите претставници на Албанците во владата веднаш да реагираат, да се повлечат од кампањата и да побараат јавна корекција на оваа политика на поделба. Молчењето повеќе не е опција. – наведува Алијансата за Албанците во своето соопштение, проткаено со невиден шовинистички и противмакедонски набој, кое јасно го искажува отфрлањето на идентификациската ознака „македонски“ на државата народот и државата Мкедонија, во која опстојува и дејствува оваа партија на Албанците.

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Кому му сметаат лекарите: Над 70% од нив се соочиле со напади на работното место

Закани, навреди, а некогаш и физички напади – нешто повеќе од 70% од лекарите во земјава се соочиле со насилство на работното место. Лекарската комора бара брза разрешница на секој инцидент. Оттаму реагираат на бавното инситутиционално постапување, што ги обесхрабрува лекарите да пријавуваат.

To top