Македонија

Скандалозни провокации на приштински професор, кој дрско ги поистоветува Македонците со Бугарите и ги навредува дека „Тито ги измислил како народ“?!

„Зошто македонските Словени го враќаат Јосип Броз Тито во имињата на улиците? Тие имаат силни причини: Тито е татко-основач на нивната нација и држава. Тој ја измисли оваа нација со тоа што создаде национален идентитет, што ги спои Бугарите од Македонија со нејзините православни Албанци.“ – овие дрски провокации и негирања на Македонците како народ со свој идентитет ги пласира професорот по политичка филозофија на Универзитетот во Приштина Блерим Латифи во својата скандалозна колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Покрај другото, во антимакедонското писание, дистрибуирано во медиумскиот простор на Македонија во делот на албански јазик,  уште се наведува: „Секако, ова беше направено за да се стави крај на бугарските претензии кон Македонија еднаш засекогаш.“

„Така, Титовото наследство за формирање држави умре со комунизмот, но неговото наследство за формирање нации сè уште постои.“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top