Македонија

Скендер Реџепи-Зејд ќе трча за градоначалник на Скопје

Тој ќе биде заеднички кандидат на опозициските политички партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција.

Информацијата за кандидатурата на Скендер Реџепи Зејд, пратеник и лидер на Народното движење,  ја соопшти лидерот на ДУИ Али Ахмети во објава на Фејсбук

„По консултациите со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција, со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде Скендер Реџепи кој е претседател на политичката партија Народно движење.

Дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество.

Моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, напиша во објавата Ахмети.

Според Ахмети,  Реџепи има долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество и дека е јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој.

„Националната алијанса за интеграција убедена е дека со Скендер Реџепи – Зејд, Скопје ќе има градоначалник кој ја знае реалноста, ги слуша граѓаните и работи за сите подеднакво“, објави Ахмети.

Со оваа одлука, Реџепи-Зејд се приклучува на трката за градоначалник на Скопје заедно со Орце Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Башким Бакиу од ВРЕДИ и Каја Шукова од СДСМ.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top