Македонија

Скопје 2028 ги повикува граѓаните да ги предложат местата и приказните што го чуваат духот на градот

Рокот за доставување предлози за „Мапирање на локации, објекти и простори“ е 10 октомври 2026 година, а за „Скопски приказни“ – 25 октомври 2026 година

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ објавува два јавни повика – „Мапирање на локации, објекти и простори за програмата „Скопје 2028“ и „Скопски приказни“ – со кои ги повикува граѓаните да придонесат кон откривањето и документирањето на културниот потенцијал и меморијата на градот.

Повикот „Мапирање“ е отворен за сите кои го познаваат Скопје и сакаат да предложат место кое има потенцијал за културна или уметничка употреба. Тоа може да биде постоечки или недоволно искористен објект, напуштена фабрика, магацин или хангар, парк, плоштад, улица, кеј, двор, маалски простор или друга локација со историско, архитектонско, општествено или културно значење.

Предложените локации ќе бидат разгледани и систематизирани, со цел да се создаде регистар и дигитална мапа на потенцијални културни места во Скопје. Мапата ќе биде ресурс за уметници, културни организации и институции, идни предлагачи на проекти, локални заедници, истражувачи и граѓани. Со повикот „Скопски приказни“, Фондацијата сака да ја собере и зачува живата меморија на градот. Се повикуваат граѓаните да споделат лични или колективни приказни за луѓе, места, улици, маала, настани, традиции и секојдневниот живот, како и приказни за нешто што денес можеби повеќе не постои, но останало дел од сеќавањето на Скопје.

Приказните можат да се достават како текст, фотографија, аудио, видео, интервју или друг материјал.Фондацијата планира да избере најмалку 200 „Скопски приказни“, кои ќе бидат архивирани и ќе можат да послужат како основа и инспирација за идни уметнички и културни проекти. Селектираните приказни ќе бидат откупени, а потоа преку нов јавен повик ќе бидат понудени на уметничката и креативната јавност за нивна уметничка интерпретација и претставување како дел од Програмата на Европската престолнина на културата – Скопје 2028.

Двата повика се дел од подготовката на програмата „Скопје 2028“ и имаат за цел да отворат поширок поглед кон културниот потенцијал на градот – кон местата, луѓето и искуствата што го сочинуваат неговиот идентитет. “Скопје не се само институциите, театрите, музеите и галериите. Скопје се и маалата, парковите, плоштадите, старите фабрики, улиците, дворовите и сите оние места каде луѓето се среќаваат, создаваат и го доживуваат својот град. Но, Скопје не е само она што го гледаме.

Скопје е и она што го паметиме, го раскажуваме и го пренесуваме. Токму затоа, Фондацијата ги отвора јавните повици „Мапирање на локации, објекти и простори за програмата „Скопје 2028““ и „Скопски приказни“, вели директорот на Фондацијата Марјан Цветковски.

Повиците се отворени од 10 септември 2026 година. Рокот за доставување предлози за „Мапирање на локации, објекти и простори“ е 10 октомври 2026 година, а за „Скопски приказни“ – 25 октомври 2026 година. Пријавите се доставуваат преку официјалната електронска платформа на Фондацијата.

Фондација „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“

Најнови вести од: Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

Најнови вести

To top