Македонија

Скопје ќе биде модерен, чист, функционален и достоинствен град, рече градоначалникот

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека градот полека, но сигурно излегува од колапсот, хаосот и долговите создавани, како што рече, со години, со неодговорно владеење. Тој потенцираше дека тоа не е лесна задача, со тоа што му бил оставен Градот на работ од банкрот.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција наменета за остварените успеси на Градот, започнатите инфраструктурни проекти, работата на претпријатијата, информираше дека Градот блокирал 17.694 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот за 2021 година, кои заедно имаат вкупен износ од 1.3 милиони евра.

Првиот човек на Градот, Орце Ѓорѓиевски, спомена дека започнала обнова во јавните претпријатија каква што Скопје не памети: нови специјални возила за „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, ЈСП и за „Градски паркинг“, нови контејнери и систем за воведување ред во хигиената. Притоа се пофали дека, со работа, успеале за само два месеци да намалат повеќе од 40 милиони евра обврски на Градот и на јавните претпријатија, паралелно започнувајќи, како што нагласи, најмногу капитални проекти што ги видел овој град.

Тој рече дека за само два месеца намалиле повеќе од 40 милиони евра обврски на Градот и јавните претпријатија.

  • И паралелно започнавме најмногу капитални проекти што овој град ги видел. Кога ја преземав функцијата, на буџетската сметка имаше само 56 милиони денари, а истиот ден нè чекаа извршни решенија од 48 милиони денари. Реално, само осум милиони денари во касата на градот. Затекнавме долгови од речиси 300 милиони евра по основ на обврски, кредити и судски спорови. Но, наместо да кукaме, засукавме ракави. Го направивме првиот ребаланс на Буџетот за 2025 година, ја засиливме наплатата на приходите и воведовме дисциплина во секој сегмент.  Ја нормализиравме исплатата на платите во „Дрисла“, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Лајка“, „Флораком“ и „Луна“, каде што се доцнеше по две плати, обврски од околу 450 милиони денари. Потоа го донесовме Буџетот за 2026 година во износ од 5,2 милијарди денари – зголемен за 12 проценти споредбено со 2025 година. Благодарение на сериозната наплата и штедењето, пренесовме вишок од 482,9 милиони денари – за првпат по долги години, Град Скопје има повеќе пари отколку обврски. И токму затоа можевме да тргнеме во најголемата инвестициска офанзива во историјата на градот. Во капиталните инвестиции вложивме 33,4 проценти повеќе од претходната година и веќе реализиравме 389,7 милиони денари. Јануари 2026 година стана најуспешниот јануари досега по приходи и реализација, рече градоначалникот.

Тоа што го постигнавме за толку кратко време, не е случајност. Ова е резултат на работа. На чесност. На одговорност. И ова не е само мој успех, ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека можеме поинаку. Ова е доказ дека кога градот се води со љубов, а не со личен интерес, резултатите доаѓаат. Наследивме долгови, но, градиме иднина. Наследивме хаос, но, воспоставуваме ред. Наследивме разочараност, но, ја враќаме надежта. Пред нас стојат уште предизвици. И нема да бегаме од нив, туку со подготвеност ги прифаќаме. Затоа што овој мој мандат не е за удобност, туку за промени. Ние нема да дозволиме Скопје никогаш повеќе да биде ограбувано, запоставувано и уништувано, нагласи скопскиот градоначалник.

 

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top