Македонија

Скопје ќе блесне во новогодишен сјај – Градот издвои буџет од 70.000 евра за празнично украсување

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веќе излезе со ветување дека „Скопје ќе блесне во сјајот на Новата година“. Градскиот совет одобри буџет од 70.000 евра – износ што треба да ги покрие и украсите и новогодишната програма.

Град Скопјe повторно е во трка со времето за да влезе во празничниот сјај на декември. Пред десет дена, градот објави оглас за јавна набавка со кој се бараа компании за украсување на главниот град за новогодишните и божиќните празници, но роковите се кратки, бидејќи празниците се многу блиску. Понудите мора да се достават најдоцна до 4 декември, по што ќе биде избран изведувач – и нова рунда можни одложувања доколку има поплаки во врска со тендерот.

Според Бирото за јавни набавки, централната атракција на плоштадот ќе биде елка со минимална висина од 13 метри, придружена со други светлечки декорации. Покрај Плоштадот, декорации се планирани и за главните улици и булевари во центарот.

Новогодишната сцена треба да биде импресивна – некои од спецификациите бараат масивни инсталации за осветлување и големи фигури, а други медиуми веќе објавуваат дека се работи и на 3Д мечка висока околу четири метри, „ѕвездено небо“ и декоративни пакети на плоштадот.

За да влезе во играта, секоја компанија мора да покаже сериозно искуство: најмалку три склучени договори од сличен тип во последните три години, во вредност од најмалку 10 милиони денари.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веќе излезе со ветување дека „Скопје ќе блесне во сјајот на Новата година“. Градскиот совет одобри буџет од 70.000 евра – износ што треба да ги покрие и украсите и новогодишната програма.

Ова значи дека тендерот мора да понуди не само висока елка и фигури за осветлување, туку и целокупна празнична атмосфера што жителите на главниот град сè повеќе ја споредуваат со регионалните метрополи.

Најнови вести од: Македонија

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top