Македонија

Скопје на 40 степени, лекарите со апел да не се излегува од 10 до 17 часот

Температурата од 40 степени Целзиусови што се прикажува во временските прогнози не значи дека толку е измерено на секоја локација во Скопје.

Македонија деновиве живее под вршник, температурите на некои места се очекува да се искачат и до 40 степени целзиусови во сенка, а многу повеќе на градскиот асфалт. Центарот на метрополата остана празен по алармот што го вклучија здравствени институции- во најтоплите часови да се седи дома во климатизиран стан. Во едно деноноќие Брзата помош во Скопје имала 66 интервенции, се давала помош при сообраќајки со повеќемина повредени, а имало и два случаи на губење свест. Човек паднал пред банка поради дезориентираност, а друг колабирал, информираат од ИМП. Најавите од Управата за хидрометеоролошки работи се дека до крајот на неделата ќе биде многу топло.

  • „Во вторник и во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературата ќе опадне за неколку степени“, соопштија синоптичарите.

Од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува изложување на сонце, работа и физичка активност на отворено од 11 до 17 часот. Температурната разлика дома –надвор да не биде голема.

  • „Ако надвор е 39 степени, клима-уредите да бидат на околу 25 степени, за да може организмот полесно да се прилагоди доколку излезете надвор. Доколку на тие температури се изложени работници, особено оние кои работат на отворено, треба да имаат повеќе паузи, да бидат помалку изложени на сонце и да престојуваат под сенка, како и да внесуваат доволно течности“, препорачува д-р Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје.

Тој советува и полесна исхрана во периодот на високите температури – повеќе лесна, помалку мрсна и висококалорична храна, како и избегнување намирници со големо количество шеќери.

  • „Доколку надворешната температура е над 35 степени, најдобро е да се престојува во климатизирани простории, а не само со вентилатори. Треба да се спуштат ролетните и прозорците да бидат затворени во најтоплиот дел од денот. По 17 часот се препорачува прозорците да се отворат и просториите да се проветрат“, вели Здравески.

Посебно внимание, според него, треба да посветат хронично болните, бремените жени и лицата над 65 години. Хронично болните треба редовно да ја земаат пропишаната терапија, а доколку не се чувствуваат добро, да се консултираат со матичниот лекар. Повозрасните кои живеат сами треба да одржуваат редовен контакт со соседи, пријатели или роднини, за навреме да добијат помош доколку почувствуваат симптоми.

„Не ја менувајте и не ја прекинувајте терапијата без консултација со лекар“, нагласуваат од ИЈЗ. Во примерните здравствени ординации зголемен е бројот на случаи на сончаница и дехидрираност.

Најнови вести од: Македонија

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

Народна банка со мерки за заштита на имотот на „Алта Банка“ и интересите на штедачите

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

До Брвеница и по неа

А СДСМ? Во првиот круг во Брвеница нивниот канидат заврши како четврти, по што објавија победа! Падна Александар Вучиќ во Србија, тие повторно прогласија победа. Претходно и во Унгарија исто така беа победници. Сега чекаме да видиме дали ќе прогласат победа и на изборите во САД? Секаде победуваат. Иако, во Македонија никако не сакаат да има избори

To top