Македонија

Скопје треба да добие нов саем и жичница од болницата во Козле до Средно Водно

Во однос на нов скопски саем, директорот на СОЗР обелодени дека веќе се бара соодветна локација, а има и заинтересирани инвеститори кои би го изградиле и би стопанисувале со објектот. Во врска, пак, со жичницата, рече дека треба да почне постапка за физибилити студија.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски синоќа најави дека е можно Скопје наскоро да добие Саем, но и жичница од болницата во Козле до средно Водно. Како што информира Томовски во гостување на „Сител“, се размислува и за набавка на нов владин авион зашто „Лирџетот“ е стар веќе 20 години, скап за одржување и е тотално некорисен.

  • Останувам на ставот дека авионот треба да се промени. Треба да имаме соодветен авион согласно потребите на Владата и државата. „Лирџетот“ има шест седишта и тотално е некорисен, користи репарирани делови зашто оригинални не се произведуваат, често е подлежен на поправки и сега, од следната недела, повторно ќе оди во Германија на сервис. Всушност, двојно ги надминува нашите проценки за тоа колку не чини годишно. Како да одржуваме олд тајмер. Постапката за нов авион не е почната, но има заинтересирани компании кои донеле до нас понуди. Ние се уште немаме ништо одговорено. Прво треба да се формира работна група, а мој предлог е во неа да има и дел од министрите. Да видиме што е најевтино, најкорисно и најсоодветно за државата. Земјите околу и во светот, генерално, имаат авиони со над 12 – 13 седишта. Мислам дека оваа година ќе почнеме да формираме работна група за изнаоѓање оптимално решение, истакна Томовски.

Во однос на нов скопски саем, директорот на СОЗР обелодени дека веќе се бара соодветна локација, а има и заинтересирани инвеститори кои би го изградиле и би стопанисувале со објектот. Во врска, пак, со жичницата, рече дека треба да почне постапка за физибилити студија.

  • Можно е Скопје повторно да добие саем, имавме таква иницијатива од луѓето кои таму работеле. Ние и Косово сме единствените држави во регионот кои немаат саем. Има заинтересирани инвеститори кои би го изградиле и би стопанисувале со него. Во моментов сме во потрага по соодветна локација. Очекувам дека во скоро време ќе имаме таква локација и ќе добиеме скопски саем, нагласи Томовски.

Тој се осврна и на промената на табличките на службените возила.

  • Пред постапката за обојување на табличките, тие беа прво тестирани на „Сејф сити“. Откако утврдивме дека камерите ги читаат, почнавме со нивна изработка. Досега има над 3 000 возила кои ги промениле табличките, а и оние кои не ги промениле, кога ќе дојде моментот за повторна регистрација, нема да добијат други, освен таблички во боја. Морам да се пофалам дека ниту еден случај за партиски цели во кампањата не беше пријавен до СОЗР, истакна Томовски.

Во врска со можните прекршоци и казни, директорот објасни дека службените шкоди се на оперативен лизинг поради што, кога се регистрира прекрошок од „Сејф сити“, стигнува прво до лизинг компаниите, а од таму со допис се препраќа до СОЗР.

  • Ние точно знаеме кој ги должи, а таму каде што не знаеме кој ги должи, имаме раководител на Сектор за возниот парк и целосно е негова одговорноста. Имаше дебата за измена на Законот, треба да почнат да плаќаат возачите – тој што го направил прекршокот, а не како досега, дел да плаќа лицето, а поголем дел компанијата, независно дали е државна или приватна, истакна Томовски.

На прашањето дали ќе се воведе ГПС-систем во службените возила, одговори дека ќе се причека да се види какви резултати ќе покаже „Сејф сити“.

  • Ќе видиме дали ќе има воопшто потреба, иако јас лично сметам дека ќе има потреба, а годинава планираме да почне постапката, нагласи Томовски.

Тој е задоволен од работата на „македонското село“ во Нерези.

  • Задоволен сум што селото заживеа по пет-шест години затвореност. Денеска од него приходуваме, имаме нова туристичка дестинација, функционален објект во сопственост на државата, подвлече директорот на СОЗР. 

Најнови вести од: Македонија

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што […]

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top