Македонија

„Скопје1.мк“: „Малолетници под дејство на алкохол со ножеви в рака тргнаа кон мене!“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

Screenshot

Според сведоштвото на Младеновска, сè започнало со недоразбирања меѓу деца на возраст од околу 16 години, кои брзо прераснале во провокации и закани. Клучниот момент, како што вели, бил кога дел од нив извадиле ножеви. „Добив повик од ќерка ми. Паника. Плачење. Глас кој се тресе“, раскажува Младеновска, која веднаш тргнала со автомобил за да стигне до местото на настанот.

Во обид да спречи поголем инцидент, таа ги пронашла младите и директно им се обратила. „Четворица. Две девојчиња и нивните момчиња. Бесни, под дејство на алкохол, со ножеви во рака тргнаа кон мене“, наведува таа.

Со присебност, вели, успеала да ја смири ситуацијата, иако, како што признава, била подготвена на сè. „Го оттурнав хаосот со зборови, а одвнатре – вулкани“, додава.

Инцидентот завршил без физички последици, но според неа, суштинскиот проблем останува. „Не можам да се смирам од мислата што можеше да се случи. Денес децата носат ножеви како да е тоа нормално“, предупредува Младеновска.

Таа укажува на поширок проблем – присуство на алкохол, насилство и агресија кај малолетници, како и страв кај граѓаните да реагираат. „Ова не е само приказна од еден ден. Ова е реалност. Прашањето е – до кога?“, порачува таа, објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top