Македонија

Скопското основно обвинителство ќе го истражува загадувањето со отпад во близина на изворите Рашче!

Основното јавно обвинителство од Скопје соопшти дека оформило предмет по допрен глас, за да ги провери информациите за големо загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

„Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби, за да се проверат потеклото на депонијата и можните последици.“

„Ако бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и ако се идентификуваат сторители, тогаш јавното обвинителство ќе постапи согласно со надлежностите за кривичен прогон.“ – се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство од Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top