Македонија

Скрининг на населението од Трубарево – некои граѓани дополнително ќе се испитуваат на Клиниката за Пулмологија

Гушење во градите, кашлање, втроглавица. Ова се симптопмите на кои се жалат мештаните на кои денеска им беше извршен скриниг во скопско Трубарево. Голем од пациентите по извршениот преглед – се препратени на Клиниката за Пулмологија.

Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на Клиниката за пулмологија, додека другите поминале без знаци за натамошен третман – рече министерот за здравство Азир Алиу. Граѓаните кои се пратени на дополнителни пулмолошки испитувања се повозрасни. Aлиу апелира сите граѓани кои имаат кашлица, главоболки, отежнато дишење, да се пријават за скрининг.

  • Скрингот проодлжува и утре од 10 – 16 часот, а ако е потребно ќе продолжи и понатаму зашто целта е да ги опфатиме сите граѓани кои мислат дека треба да поминат скриниг или ако чувствуваат некакви симптоми како кашлица, главоболки, отежнато дишење. Тие граѓани би ги замолил да се пријават уште вечерва за скрининг. Добро е порано да се детектираат здравствените проблеми, за да ги третираме – истакна Алиу.

Прегледите се наменети за сите заинтересирани граѓани од Трубарево и околните населени места, особено за оние што имаат проблеми со дишењето или симптоми кои укажуваат на болести на респираторниот систем, објасни пулмологот Ирина Ангеловска.

  • „Вршиме клинички прегледи на сатурација и аускултација, како и ЕКГ. Врз основа на наодите, ги упатуваме пациентите на дополнителни прегледи по потреба. По завршување на скринингот, резултатите ќе ги добиете преку Министерството за здравство. Пикфлометрија се прави за ваков тип на скрининзи – пациентите дуваат во апарати наречени пикфлометар, и се прави ЕКГ по потреба, кај пациенти што ние како субспецијалисти – пулмолози ги проценуваме“, порача Ирина Ангеловска.

Според Протоколот, скрининг треба да се направи уште два пати, по три и по шест месеци, за да се види ефектот од загадувањето по пожарот.

Последните резултати покажаа дека Скопјани по избувнувањето на пожарот во Трубарево дишеле тешки метали. Концетрацијата на кадмиумот во воздухот била за речиси 12 пати поголема од максималните граници.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top