Македонија Бизнис

Славески: Извршната власт знае дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација

Како што оцени гувернерот на Народна банка, Трајко Славески на работната средба во Стопанската комора, инфлацијата што ја прикажува статистиката е сосема различна од перцепцијата на граѓаните.

Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација, кон нивото што се постигнува во еврозоната. Имавме средба со премиерот, му кажавме дека може да се најдеме во ситуација нашите цели да се конфликтни зашто секоја влада сака да го забрза растот, но во последните 4 – 5 години голем број политичари во светот ги загубија изборите токму поради незадоволството на граѓаните од високата инфлација, како што беше случајот со САД. Победата на Трамп, во краен случај, ја донесе незадоволството од високите цени и високата инфлација, рече гувернерот на Народна банка, Трајко Славески. Како што оцени Славески на работната средба во Стопанската комора, инфлацијата што ја прикажува статистиката е сосема различна од перцепцијата на граѓаните.

  • За нив инфлацијата е 40 – 50 проценти. Пред 2,5 години миење автомобил беше 250 денари, а сега е 500 денари. Тоа е перцепцијата на граѓаните. Никој не верува дека инфлацијата е 2,5 или 3 отсто. Граѓаните, по моја проценка, имаат памтење од 4 до 5 години за нивото на цените. Мислам дека имаме разбирање кај извршната власт, дека им користи ниска инфлација. На среден рок ќе се стремиме инфлацијата да биде на ниво на она што е во еврозоната, потенцира гувернерот.

Според него, нема никаква мистерија како земјава успеа да го одржи фиксниот девизен курс од последната корекција во 1997 година.

  • Тоа беше единствено зашто нашата стапка на ифлација во просек четвртина век не остапуваше од инфлацијата во еврозоната. Ако отстапува, ако имате акумулирање, полека губите од конкурентноста на економијата. Оттука, имаме разбирање од извршната власт дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација, кон она што се постигнува во еврозоната. Сега има отстапување, има отстапување и во каматните стапки, од политиките, но и за тоа има причини – опашките од некои поранешни однесувања, од глобалните движења и домашните политики се уште опстојуваат. Базичната стапка на инфлација е уште висока и опстојува, некаде околу пет отсто, објасни Славески.

Во однос на кредитирањето, тој порача дека НБ не е пречка за финансирање на бизнисот ако се нудат издржани проекти. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески повтори дека за компаниите се уште клучни проблеми се борбата против корупцијата, сложените банкарски процедури за граѓаните и компаниите, транспарентноста

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top