Македонија

Славески: Санкциите кон „Лукоил“ нема да предизвикаат ценовен шок

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, не очекува санкциите против руската компанија „Лукоил“ да предизвикаат ценовен шок или да ја разбудат инфлациската спирала.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, не очекува санкциите против руската компанија „Лукоил“ да предизвикаат ценовен шок или да ја разбудат инфлациската спирала. Тој е уверен дека по првичниот благ ценовен удар состојбата брзо ќе се стабилизира.

– Има други производители кои имаат капацитети да ги надоместат количествата нафта што можеби нема да бидат испорачани од Русија. Не очекувам некој поголем шок. Согласно проекциите од Народната банка очекуваме трендот на намалување на инфлацијата забележан последните месеци да продолжи и до крајот на годинава и инфлацијата да не биде поголема од четири проценти. Таргетот за наредната година е да се симне на три и под три проценти, во рамки на инфлацијата забележана во ЕУ, рече Славески.

„Добро е да видиме стапка на инфлација што почнува со тројка, тоа психолошки ќе влијае“, додаде гувернерот.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top