Македонија

Слика од Росоман: Општината по грозоморното убиство

Обвинителството бара да оди во притвор

27-годишен маж сам се пријавил во полиција, откако во семејниот дом со нож ѝ нанел смртоносни повреди на својата 54-годишна мајка.

Според последните информации, Основното јавно обвинителство Кавадарци донело Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди, велат обвинителите.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил околу 07:30 часот, кога И.Р. со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани во пределот на вратот. Жената починала на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.

Син ја заклал својата мајка

„Тој сам пријавил дека утрово околу 7 часот и 30 минути во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54 годишна мајка.“- изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Осомничениот веднаш бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, откако самиот се пријавил во СВР Велес. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од кавадаречкото обвинителство и екипа од полицијата. Од Обвинителството информираат дека увидот е завршен, издадена е наредба за обдукција и се преземаат дополнителни дејствија за расчистување на случајот.

Во разговор со жители на Росоман, неофицијално се дознава дека осомничениот најчесто бил повлечен и не комуницирал многу со околината. Велат дека не правел проблеми со соседите, но не знаат што се случувало зад затворени врати. Дел од нив се сомневаат дека имал психички проблеми.

„Од малечок го познавам, заедно со моите внучиња учеа во училиште. Изненадени сме. Не се ни тепаше, вака не ни излегуваше многу, не сме го виделе, а што е проблемот што се случило не знам.“- велат граѓаните.

Овој случај, сепак, има и претходна историја. На 14 август 2023 година, во СВР Велес било пријавено дека И.Р., кој бил лице со здравствени проблеми, во семејниот дом физички ги нападнал својот татко и мајка, оштетувал предмети и се однесувал агресивно. По интервенција на полицијата, бил пренесен во Општата болница во Кавадарци, а наредниот ден, по барање на здравствената установа, бил спроведен во Психијатриската болница Негорци. Подоцна, таткото ја повлекол пријавата.

Три години подоцна, случајот завршува со трагедија. Институциите најавуваат дека деновиве ќе има повеќе информации за натамошниот тек на постапката.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство

Двајцата премиери разговарале и за инфраструктурната поврзаност, енергетската стабилност и регионалната соработка, оценувајќи дека во услови на глобални предизвици, силните партнерства се клучни за обезбедување стабилност и развој. Беше истакната и важноста на поддршката што нашата држава ја добива од Унгарија во контекст на европската перспектива, при што беше нагласено дека процесот на интеграција треба да се темели на принципиелност и мерит-систем.

(Фото): Кога Скопје ќе го добие долгонајавуваниот БРТ транспорт?!

Проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, како и набавка на современи нископодни автобуси на CNG или хибриден погон, воведување паметни станици и интегриран систем за управување со сообраќајот.

Мицкоски: Повторното воспоставување линија Скопје – Будимпешта e значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот

Повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот, објави премиерот Христијан Мицкоски по пристигнувањето во Будимпешта, каде, како што е најавено, ќе престојува во политичко-економска посета на Унгарија. -Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди – објави Мицкоски на Фејсбук.

Најнови вести

To top