Македонија

Сменете го ритамот, не себеси: Како да пронајдете нов баланс во секојдневието?

Не сте сами, а понекогаш тоа прави голема разлика

Има денови кога сè станува премногу гласно. Работа, обврски, очекувања, некој глас што го слушате дури и кога сте сами. Притисок што не можете да го објасните, но го чувствувате во стомакот, рамената, во секое движење. И потоа, инстинктивно, посегнувате по она што ви е познато. Не затоа што е најдобро, туку зашто знаете како функционира. Барем засега. За некои, тоа е цигара. За други, скролање по социјалните мрежи. Трети голтаат чоколадо без да го вкусат. Некои тргнуваат во шопинг. Понекогаш дури и не знаете што барате, само знаете дека ви треба нешто. Некој гледа серија чиј заплет го знае на памет, друг молчи со часови, а некој зборува без престан. Сите овие начини на однесување имаат едно нешто заедничко – потребата да застанеме на кратко и да го симнеме товарот од градите, барем за момент. И тоа е човечки, бидејќи навиките што ги градиме низ годините стануваат наше сидро во бурите. Дури и кога не се најздрави.

Но, што ако има подобар начин за справување со стресот, без да мора фундаментално да се менуваме? Свесни сме дека навиките не се менуваат лесно. Особено не под притисок. Кога сме под стрес, го избираме тоа што функционира во моментот. Не размислуваме долгорочно. Не затоа што сме слаби, туку затоа што се луѓе. Нашиот мозок бара брзо и познато решение. И затоа е толку тешко да се промени воспоставениот модел. Но, секоја промена започнува со прашањето дали ова навистина ми помага или тивко ме саботира? На пример, цигара наутро со кафе може да изгледа како единствениот момент на мир. Но, ако ја погледнете пошироката слика – дали навистина ви помага да се чувствувате подобро? Или само ве држи на едно место? Ритуалите не мора да исчезнат, туку можат да еволуираат. Не мора да го отфрлите она што ви дава утеха, туку можете да му дадете нов облик. Наместо импулсивно онлајн купување, направете список однапред.

Не само што ќе заштедите пари, туку ќе го смирите и чувството дека „нешто недостасува“. Кога го купувате она што навистина ви треба, чувствувате задоволство, а не вина. Наместо бесконечно скролање по туѓите профили, земете книга што долго чека да „стигне на ред“. Вашиот ум заслужува свет каде што нема совршени профили, туку реченици што топлат и смируваат. Наместо целосно да се осамите, јавете му се на некој пријател. Не мора долго да зборувате. Понекогаш е доволно некој да го чуе вашето „тешко ми е“.

Не сте сами, а понекогаш тоа прави голема разлика. Наместо класична цигара, изберете подобра алтернатива, производи кои не го горат тутунот и се подобар избор од цигарите. Можеби е едно од оние утра што започнуваат со позната рутина. Додека го подготвувате кафето, помислата за цигара се јавува од навика. Но, овој пат избирате поинаку – правите подобар избор, а го задржувате познатиот утрински ритам. Без чад. Без мирис. Само вие, вашиот ритуал и задоволството од малата промена што ви потврдува дека сте способни да правите подобри избори. Не совршени, само подобри. Можеби тоа е искрата што ве мотивира да пронајдете друг подобар избор. Бидејќи кога ќе видите дека сте способни да направите еден чекор во вистинската насока – се отвора простор за следниот. Запомнете: Подобрите избори не се слабост – тие се вашата сила. Заслужуваме рутини што не одземаат, туку ни даваат нешто плус без да нѐ променат.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

Мицкоски јасен: Местото на Македонија е во Европа

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.

(Фото): Панчевски за СЈО: Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава

Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Со овие зборови го почна последниот пост, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој […]

To top