Македонија

Смилевска: Ковачки е посветен на македонската кауза и несебично ѝ служи на Македонија! – Со Мицкоски ќе бидат одличен тим во градењето на иднината!

„Ја поздравувам државничката одлука на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за назначувањето на Драган Ковачки како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски е лидер, што не калкулира со иднината, туку ја гради со одговорност и визија. Назначувањето на Ковачки е уште една потврда за тоа.“ – објави Христина Смилевска од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ на својот фејсбук-профил по вчерашното именување на Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Република Македонија, како нов генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Покрај другото, во својата објава на општествената мрежа натаму Смилевска истакнува: Драган Ковачки е човек кој повеќе од 30 години несебично ѝ служи на Македонија: почнувајќи од одбраната на државниот суверенитет и територијален интегритет како припадник на специјалните сили на Армијата, па сѐ до бескомпромисната и принципиелна борба како пратеник во Собранието со неразбраните трговци на македонските углед и чест.

„Со Драган Ковачки имав можност лично да соработувам, но и да го запознаам како човек посветен на македонската кауза, а пред сѐ како личност со интегритет, работна етика и чувство за одговорност. Уверена сум дека заедно со претседателот Христијан Мицкоски ќе бидат одличен тим и им посакувам успех и храброст во справувањето со предизвиците што ни претстојат. Со вакво лидерство и вакви луѓе, вербата е оправдана, а иднината е предвидлива и сигурна. – порача Христина Смилевска од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.

Во првото обраќање по стапувањето на функцијата во владејачката партија новоизбраниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки нагласи: „Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна. Дадената доверба, што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија. Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и за иднина, каква што ја заслужува Македонија.“

Вчера беше избран новиот состав на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Во изјавата за медиумите по тој повод лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи.

Мицкоски по завршувањето на Централниот комитет на партијата ги соопшти членовите на Извршниот комитет и информира дека за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е избран Драган Ковачки. Мицкоски посочи дека составот на Извршниот комитет е следен: нов генерален секретар е пратеникот Драган Ковачки, а за членови на ИК се избрани Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизхархи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Мицкоски додаде дека на овие членови, според статутот, ќе им се приклучат новите претседатели на УМС, Унијата на жени и Унијата на ветерани. „Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува и се приспособува на новите предизвици. Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура, која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.“ – нагласи Мицкоски.,

Мицкоски информира дека како организациски секретар е избран Ивица Томовски, досегашен и иден директор на Централниот штаб, а како шеф на неговиот кабинет Владимир Нелоски. Тој напомна дека ќе продолжат да работат на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и сеопфатноста на членството. Мицкоски најави дека во претстојниот период ќе има избор на претседатели на партиските општински комитети, како и избор на нови раководства на Унијата на жени, УМС и Унијата на ветерани.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Визер“ ги запира сите летови кон Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија

Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

Општините во фокус: Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот Перински.

ИНА: Ако продолжи одбивањето на сосопственоста на Албанците врз државата, тие ќе се радикализираат, ќе бараат целосна автономија и ќе се исцртаат границите!

„Ако македонската политичка елита продолжи да го игнорира албанскиот јазик и да отфрла дека и Албанците се сосопственици на оваа држава, тогаш таквото одбивање неодбежно ќе доведе нѐ до поделба, до радикализација на албанските барања и до нивно барање за целосна автономија со исцртани граници.“ – наведува информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ во својот уреднички коментар со наслов „Отфрлањето на албанскиот јазик од страна на Македонците: Тивкото самоубиство на државата, која одбива сосопственост“.

To top