Македонија

Со чии пари Груби бара да му се врати пасошот

Ако имотот е негов, толку ли има заштедено од функционерска плата?

 

Сега јавноста со право бара објаснување чиј е имотот и како е стекнат, наведуваат од ВРЕДИ во соопштение.

Од ВРЕДИ истакнуваат дека  „Граѓаните знаат колку години се работи за еден покрив над глава. Затоа оваа сума боде очи. Народот врзува крај со крај, а само за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса. Ако имотот е негов, толку ли има заштедено од функционерска плата?“.

Груби по една недела излегува од притвор

„А што правеше Артан Груби додека народот ги пакуваше куферите?

Тој и неговата партија го сееја коцкањето по секое маало. Црната кутија на ДУИ сега си го бара пасошот, ама има уште многу да објаснува.

Заврши и на американската црна листа поради корупција и за брутално мешање во правосудството. Нереформираната ДУИ со децении им зборуваше на Албанците дека без неа нема иднина.

По толку години власт, премногу семејства иднината ја бараа на автобуска станица, со билет во еден правец. Децата заминуваа. Врхушката без гајле си бараше гласови и продолжуваше по старо.

Албанците доволно платија за политиката на ДУИ, со изгубени години и разделени семејства. Додека народот се разделуваше од децата, врхушката не се разделуваше од фотелјите. Денес Груби си го бара пасошот. Народот си ги бара децата дома“ е ставот на ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top