Македонија

Со љубов за секој дом: Бимилк поддржа 120 згрижувачки семејства по повод Светскиот ден на млекото

Хумана акција

По повод Светскиот ден на млекото, Бимилк донираше млеко на 120 згрижувачки семејства во Пелагонискиот и Југозападниот регион, испраќајќи порака за грижа, поддршка и солидарност кон семејствата кои секојдневно обезбедуваат топол дом за децата на кои тоа им е најпотребно.

Донацијата беше реализирана преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола при ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола, во период кога се одбележува и Денот на згрижувачките семејства.

Со оваа донација, Бимилк уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон семејството и заедницата – вредности што со години се вградени во брендот и во неговата традиција на поддршка. Како бренд присутен на семејните трпези и во секојдневието на многу генерации, Бимилк го одбележа овој ден со гест што ги поврзува квалитетот, грижата и хуманоста, препознавајќи ја важната улога на згрижувачките семејства кои секојдневно обезбедуваат љубов, сигурност и топол дом за децата.

„За нас, млекото е многу повеќе од производ, тоа е симбол на грижа, доверба и квалитет со кој растат генерации. Бимилк со децении е дел од семејните трпези и секојдневните навики, а таа доверба нè обврзува не само да создаваме производи со постојан квалитет, туку и да ја возвратиме поддршката кон заедницата. Традицијата на донирање и помагање ја градиме со истата посветеност со која ги создаваме нашите производи, одговорно, искрено и со внимание кон оние на кои поддршката им е најпотребна. Токму затоа, по повод Светскиот ден на млекото, сакавме да бидеме блиску до згрижувачките семејства кои секојдневно подаруваат љубов, сигурност и топол дом. Веруваме дека вистинската вредност на еден бренд се мери и преку доброто што го остава во заедницата,“ изјави Полексена Јанкуловска, Маркетинг менаџер на Бимилк.

Од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола при ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца – Битола“ упатија благодарност за донацијата:
„Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола при ЈУ, Дом за доенчиња и мали деца-Битола изразува искрена благодарност за донацијата и поддршката од компанијата, Бимилк по повод 1 Јуни – Денот на млекото, а и Денот на згрижувачките семејства. Вашиот хуман гест претставува значајна помош и силна порака дека заедницата ги препознава и вреднува семејствата кои со љубов, грижа и посветеност им обезбедуваат топол дом на децата на кои тоа им е најпотребно. Со вашата поддршка покажувате вистинска општествена одговорност и придонесувате кон создавање подобри услови и посреќно детство за многу деца. Воедно, упатуваме повик и до останатите компании, организации и општествено одговорни субјекти да го следат овој пример и да се вклучат со донации и поддршка за згрижувачките семејства. Заедно можеме да направиме голема разлика и да обезбедиме повеќе љубов, сигурност и надеж за секое дете! Уште еднаш, од името на сите згрижувачки семејства во нашиот регион, благодарност за Вашата хуманост и поддршка”.

Бимилк и понатаму ќе продолжи да поддржува активности насочени кон семејствата и заедницата, со фокус на иницијативи што носат вистинска вредност таму каде што е најпотребна.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Соседна држава шири теза за запирање на европските фондови со цел да банкротираме и да прифатиме сè што се бара од нас

Премиерот не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири ваквата теза и додаде дека сознанијата доаѓаат од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби.

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости

Од АД МЕПСО соопштија дека ги прифаќаат наодите од Државниот завод за ревизија и веќе преземаат мерки за отстранување на утврдените слабости. Според МЕПСО, голем дел од забелешките се однесуваат на процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се наталожувале со години, а дел од нив датираат уште од основањето на компанијата во 2004 година.

Државната ревизија откри сериозни слабости во работењето на енергетскиот преносен оператор АД МЕПСО

Сериозни системски слабости откри Државниот завод за ревизија во работењето на АД МЕПСО во 2024 година. Податоците од ревизорскиот извештај покажуваат дека се утврдени недоследности во сопственоста на далноводите, потоа откриени се неругуларности при вработувања, а за дел од потрошените пари по основ на инвестиции на државната компанија недостасувала соодветна документација.

Мицкоски: Очекувам да бидеме прворангирани на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ!

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски смета дека во дадениот рок ќе бидат донесени сите реформски закони, со што Република Македонија ќе биде прворангирана на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ и со официјална одлука на почетокот на јули ќе бидат ослободени уште пари за македонската држава.

Мицкоски ја извести македонската јавност за тежок европски скандал: Соседна земја, членка на ЕУ, лобира за да не добие Македонија пари од ЕУ!

„Соседна држава на Македонија шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за Македонија, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, без да открие која соседна држава ја шири оваа теза, а е членка на ЕУ.

Најнови вести

To top