Македонија

Со македонски пасош и без виза до 127 држави во светот

На најновата листа на најмоќни пасоши во светот, според Henley Passport Index Q2, македонскиот пасош се најде на 41. место меѓу 199 земји опфатени во рангирањето

 

Пасошот на  Македонија е оценет врз основа на тоа што со него може без виза да се патува во 127 држави ширум светот. Индексот се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), а клучниот критериум е бројот на земји достапни без виза за граѓаните на една држава, објави Фактор

На врвот на листата и оваа година се наоѓа Сингапур, чии граѓани можат без виза да патуваат во 192 земји.

Второто место го делат Јапонија, Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати, со пристап до 188 земји без виза. Шведска е на третото место со 187 земји.

Четвртата позиција ја делат Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шпанија, чии граѓани можат да патуваат во 186 земји без виза.

На петтото место се Австрија, Грција, Малта, Португалија и Швајцарија со пристап до 185 земји без виза.

Во регионот, Словенија е на седмото место со 183 земји, Хрватска е на осмото место со 182 земји, додека Црна Гора е на 41. место со пристап до 127 држави без виза. Босна и Херцеговина е исто така на 41. место, но со 122 безвизно достапни земји. Србија е на 34 место.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

To top